Кога мајката ќе го натепа своето дете, во неговата глава се случуваат ужаси

Менталитетот не учеше дека ќотекот е излезен од рајот, кој и во денешно време се провлекува како метод на воспитување во многу семејства. Некои претераат, други велат дека само удараат по две три шлаканици.

Антидепресивите можат да предизвикаат емоционалнa вкочанетост

Широко користените антидепресиви предизвикуваат „емоционално отупување“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и какви се нивните потенцијални несакани ефекти.

Социјалните мрежи предизвикуваат зависност и нарушено ментално здравје кај младите

Неконтролираното и безцелно следење на социјалните мрежи може да предизвикат зависност и нарушено ментално здравје кај децата и младите. Вака смета Весна Илова Ташева неурофидбек терапевт од Валандово

Гренланд не бил толку топол во последните илјада години

Додека човештвото внимателно го следи зголемувањето на просечната глобална температура, научниците од Гренланд се обидоа да навлезат во неговата историја и да го проценат влијанието на климатската криза на овој остров.

Муабети со Викторија Недева









Facebook-f


Youtube


Instagram


Tiktok


Linkedin

СЛЕДЕТЕ ГО ПАТОТ НА СОПСТВЕНОТО СРЦЕ

Муабети со Викторија Недева

Викторија Недева е млада фудбалерка која доаѓа од ЖФК „Тиверија“ од Струмица и беше прогласена за еден од најдобрите млади спортисти во општина Струмица минатата година. Она што е актуелно во моментов е поканата за трансфер на Недева од страна на фудбалскиот клуб „Хајдук“ од Сплит.

Како дојде до можен трасфер во Хајдук, од кога се договараше тоа и што значи за тебе оваа можност?

Ова значи многу бидејќи е друга држава, промена за мене, сепак фудбалот таму е едно скалило погоре од кај нас. Веќе еден месец имавме проби, преговори и слично за конечно да се официјализира дека заминувам во недела и тогаш здравје, ќе го официјализираме тоа со потпис.

Дали беше свесна, дали знаеше кога те гледале, те „скенирале“? Покрај настапите за клубот ти си член и на нашата репрезентација, дали имаш претстава кога си оставила најголем впечаток?

Не, воопшто немам претстава кога сум оставила најголем впечаток, поканата стигна официјално на мејл на клубот, но сепак секој тим гледа најмногу колку репрезентативни настапи имаш, колку голови имаш постигнато, колкава минутажа имаш и слично.

Викторија  е всушност по потекло од Неготино, иако веќе долго време игра во Струмица. Во таборот на ЖФК Тиверија те нарекуваат „мала, ама динамитна“, кога започна љубовта кон фудбалот?

Всушност јас најпрво одев на играорна, можебе 5-6 години. Љубивта кон фудбалот ми беше уште од многу мала, постајано игравме фудбал на улица со другарите. Отидов на еден фудбалски тренинг тогаш, ми се допадна и од тогаш реков дека јас ќе тренирам фудбал. Потоа постепено почнав да напредувам, играв со еден фудбалски клуб од Кавадарци на турнир, па така дојде и до повик во ЖФК Тиверија од Струмица, каде што бев член 5 години – од тогаш, па до денеска,

За тебе прва љубов останува фудбалот, но како започна, има ли во Неготино женски фудбалски клуб?

Не, тогаш кога започнав во Неготино имаше само два машки фудбалски клубови, ФК „Јанг бојс“ и ГФК „Неготино“, започнав прво во „јанг бојс“, па се префрлив во другиот. Таму имаше и повеќе девојчиња што играа фудбал. Од тогаш се оформи и женски клуб, исто се вика ГФК „Неготино“. Сега има повеќе и помали девојчиња кои тренираат и имаат потенцијал.

Твоите почетоци биле пред десетина години, како гледаа тогаш на тебе покрај мислењето дека фудбалот е повеќе машки спорт?

Кога започнав да тренирам немав многу поддршка, бидејќи итренирав повеќе спортови. Кога се одлучив и се запишав да тренирам само фудбал, многу ми велеа: „Што ќе тренираш фудбал, фудбалот е машки спорт, само машки тренираат таму“ и слично. Но до ден денеск мислам дека јас го докажав спротивното и мислам дека такви поделби не треба да постојат, на машки и женски спортови, секој спорт е за сите.

Потоа одев на натпревари со една младинска школа од Кавадарци, ЖФК „Габер“, третиот натпревар го игравме во Струмица, па така се случи тоа. Еден период комуницирав со Ристо Секулов, па потоа и со Александра Ристовска комунициравме некое време и така дојдов тука.

Со оглед на тоа што Неготино, а и Кавадарци се мали места, и имало многу спротивставувања, од каде ја црпеше поддршката да продолжиш?

Најголемата поддршка за добивав од дома, од мајка ми и татко ми. Тие ме поддржуваа постојано и ми велеа дека не е важно што велат другите и да правам онака како што се чувствувам дека ми е најдобро. Тогаш не се откажав од фудбалот, иако имаше притисок да продолжам да одам и на играорна, не сакаа да ме отпишат од таму. Сепак се поклопуваа играорната и фудбалот во исти термини, а јас одев повеќе на фудбал, тогаш ми стана уште поинтересно и го засакав фудбалот, па решив да продолжам со него.

Зошто интересно, поради кој дел го засака фудбалот толку многу, бидејќи беше умешна во давањето голови, жонглирање со топка и слично?

Па јас одев и на кошарка и на ракомет, но ништо не ме привлекуваше толку многу колку фудбалот. Фудбалот ми беше посебен, па тренирав напорно и по двапати дневно имав тренинзи. Имав и многу другари кои ме поддржуваа, па и со нивната поддршка продолжив.

Значи, сепак си имала и голема жртва во текот на твоите тинејџерски години, слободното време си го поминувала на спортските терени. Каков беше преминот за тебе од Неготино во Струмица, во една нова средина?

Бев деветто одделение кога дојдов во ЖФК „Тиверија“, основното училиште инаку го завршив во Неготино и доаѓав за Струмица само за натпревари за викенд, доаѓав петок и си одев во недела. Инаку дотогаш имав планови да се запишам средно училиште во Битола, но во комуникација со „Тиверија“, а и по препорака на повеќе луѓа, дека „Тиверија“ е подобар клуб, можеби и меѓу најдобрите женски клубови во Македонија, одлучив да се запишам во Струмица, во спортската паралелка. Тука учев четири години и се навикнав на истите играчи, истиот тренер, истиот терен.

Кои се впечатоците после 5 години поминати во Струмица, дали се каеш што си ги послушала Александра и Ристо кога те наговарале да се запишеш во  Струмица, наместо во Битола?

Искрено не се каам. Кога дојдов овде сите ме прифатија многу брзо, бевме како едно семејство и понатаму ќе ги сметам така. Мило ми е што беше така со мене, што многу брзо ме прифатија девојчињата, бидејќи најважно во секој клуб е да те прифати тимот.

После поминати 5 години овде, по што најмногу ќе се сеќаваш на ЖФК „Тиверија“?

Најмногу ќе се сеќавам на соиграчите, на тешко добиените натпревари, секогаш проблем ни биле некои клубови како ЖФК „Каменица Саса“, потоа ЖФК „Љуботен“ и други, па сега скоро ги победивме на нивни терен. Освен тоа ќе се сеќавам и на освојувањето на прво место со младинската екипа.

Како изгледа еден ден со ЖФК „Тиверија“?

Што се однесува на работата на клубот се работи многу професионално, тренерите многу работат на нас, кога е подготвителна фаза има тренинзи и по двапати дневно, наутро околу 8 -9 часот и попладне.

Колку голови има постигнато Викторија?

Па за сите години можам да кажам околу 50. Постигнувањето голови беше полесно кај младинската екипа, додека не е толку лесно да постигнеш голови кај сениоркста екипа.

Какви информации имаш за „Хајдук“ од Сплит?

Пред да договориме сѐ, прашував некои девојчиња кои се веќе таму, како е во клубот и добив само позитивни одговори и за тренинзите, и за тренерите, дека има повеќе тренери и дека имаат одлични услови. Не се ни сомневам дека може да биде лошо, впрочем и со тренерот и со директорот имам добар контакт и знам сѐ што се случува.

А дали може да те очекуваме на репрезентативно поле да бидеш во сениорскиот состав?

Па, да. Сега скоро има собир повторно. Досега бев дел, па се надеваме на повторен повик.

Со оглед на напорните тренинзи, имаш ли слободно време?

Слободно време може да се најде, за кафе, за прошетка и слично, но за излегување по ноќни клубови не. Додуша, сме излегувале, можеби повеќе прва и втора година, но исто така и веќе имаме искусено сѐ, и излегување и пиење алкохол и слично.

Која ти е новогодишната желба?

Најпрво желба ми е да се официјализира потписот со „Хајдук“, а потоа со тој клуб да се најдеме на највисоката можна позиција. Овој потпис сега ќе биде за полусезона, до месец јуни, па потоа се надеваме дека ќе се продолжи.

Која е пораката која сакаш да ја упатиш кон сите припаднички на понежниот пол, кога станува збор за љубовта кон фудбалот, кон спортот?

Би порачала да го прават она што сакаат, да не се откажуваат и да го следат патот на срцето.

Младите во Струмица ќе добијат Скејт парк

Младите во Струмица ќе добијат Скејт парк

Нов рекорд за брзина на пренос на податоци

Нов рекорд за брзина на пренос на податоци

Половина од вашата интелигенција отпаѓа на гените

Половина од вашата интелигенција отпаѓа на гените

Младински амбасадори од Струмица за чиста средина најавија герила акциии

Младински амбасадори од Струмица за чиста средина најавија герила акциии

НАСА откри потенцијално населлива планета

НАСА откри потенцијално населлива планета

Фрижидерот како центар на домашната мултимедија

Фрижидерот како центар на домашната мултимедија

Младите струмичани добиваат Центар каде ќе ги кажат своите и предлози за подобра иднина!

Младите струмичани добиваат Центар каде ќе ги кажат своите и предлози за подобра иднина!

Муабети со Бојан Аџиевски

Муабети со Бојан Аџиевски

Поткаст со Љиља Ковачевиќ

Поткаст со Љиља Ковачевиќ

Поткаст со Панче Димов

Поткаст со Панче Димов

Кај нас

Кои сме ние

  • Дигитална платформа
  • Мултимедијални содржини
  • Инспиративни приказни
  • Будиме идеи

Следете не!

BidSvoj 2023 © Сите права задржани