Дигиталната платофрама ,,Биди Свој“ започна кампања за борба против лажните вести со која ги вклучува младите да бидат активни и да ги откријат лажните вести на интернет просторот. Во наредниот период, со помош на ,,Биди Свој“ младите ќе бидат детективи за разоткривање на лажните вести за што и активно ќе се вклучат во кампањата за критичко размислување и поголема медиумска писменост меѓу своите врсници.
Причина за реализацијата на ова кампања е се поголемото влијание на лажните вести врз младата популација која ,,наседнува“ на непроверени, извртени и неточни информации иако се најголеми корисници на социјалните мрежи.
Како младите може да учествуваат во кампањата!?
Заради тоа младите ќе имаат можност секоја сомнителна вест да ја споделат со хаштаг #spinnews на своите профили на социјалните мрежи ( facebook, instagram, TikTok) при што треба да го тагираат и дигитлната платформа @BidiSvoj кој пак ќе направи севкупна анализа за сите видови на лажни вести кои им се пласираат на малдите. Паралелно младите ќе можат да ги споделуваат и детектираните лажни вести од ,, Биди Свој“ на своите профили и на тој начин да бидат дел од кампањата.
Со ова кампања, Биди Свој не само што ќе ги едуцира младите за медиумската писменост туку ќе очекува и тие да бидат активни чинители во борбата против лажни вести на медиумскот простор.
Младите кои ќе детектираат лажни вести на социјалните мрежи и ја споделат на профилите на www.bidisvoj.mk на ФБ и Инстаграм ќе добијат подароци.