Компаниите Huawei и Orange ги здружија силите за да ги поместат границите и поставија нов светски рекорд за брзина на пренос на податоци од 157 терабити во секунда. Рекордот беше соборен со помош на нов оптички кабел, долг повеќе од 120 километри.
Во средината на минатата година, Huawei го објави првото индустриско решение за широкопојасен интернет што обезбедува спектар од 12 терахерци преку оптички влакна, додека најновото тестирање го зголеми тој број на 18 терахерци.
Според Ричард Џин, претседател на оптички производи за деловни клиенти во Huawei, оваа технологија ќе обезбеди решение за користење на веќе инсталираните системи со оптички влакна и надградба на нивниот капацитет, без да се инвестира во инсталирање нови.
„Нашата компанија долго време е посветена на стратешките иновации, истражувањата и технолошките откритија во областа на оптичките комуникации. Задоволни сме што соработуваме со иновативен оператор како Orange од Франција, бидејќи имаме заедничка цел – да ја создадеме мрежата на иднината“, рече Жан.