Деновиве во градскиот парк во Струмица почна да се гради Скеј парк. Ќе биде на површина од 625 метри квадратни, а реализацијата ќе биде со општински средства, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
,,Скејт паркот се гради во спортско –рекреативниот дел на градскиот парк со средства од општинскиот буџет во износ од 6, 2 милиони денари. На рамна бетонска платформа која ќе биде заградена, ќе бидат поставени 7 спортски реквизити кои ќе овозможат адреналинска забава за љубителите на овој екстремен спорт,, напиша Костадинов.