Тим научници верува дека се барем на мал чекор поблиску до „еликсирот на младоста“. Со хакирање на имунолошкиот систем успеале да го забават стареењето на глувците, но прашање е дали истото ќе функционира и кај луѓето.
– Истражувачот на матични клетки Каролина Флоријан, од Институтот за биомедицински истражувања Белвитге во Барселона, не можеше да поверува во тоа што го гледа. Старите лабораториски глувци изгледаа помлади од вообичаено.
Изгледаа поживи, а крзното им беше посјајно. A сè што направи е да им даде лек кој ја коригира организацијата на протеините во еден вид матични клетки за кратко време, многу недели порано – наведува Nature во написот „Хакирањето на имунолошкиот систем може да го забави стареењето – еве како“ и додава :
– Кога техничарите кои го повториле експериментот во две други лаборатории, го откриле истото, па таа била посигурна дека третманот на некој начин ги подмладил животните. Целта на еликсирот на Каролина Флоријан е имунолошкиот систем. Матичните клетки кои таа ги третирала се нарекуваат хематопоетски матични клетки (ХС-клетки) и сите имунолошки клетки произлегуваат од нив. Како што циркулира крвта, мешавината на клетки допира до сите органи и влијае на сите функции на телото.
Молекуларниот состав на ХС-клетките, објаснуваат тие, се менува со возраста, а тоа доведува до нарушување на рамнотежата на имуните клетки што ги произведуваат.
– Поправањето на празнините во нив, кои се појавуваат со текот на времето, се чини дека решава многу проблеми со стареењето, не само во имунолошкиот систем, туку и во остатокот од телото – рече Флоријанова.
Како што нагласуваат, потенцијалот е голем – помагање на луѓето да бидат здрави и во доцните години. Сепак, предизвикот е како да се премине од експерименти на глувци до клинички испитувања бидејќи, како што предупредуваат научниците, влијанието врз многу сложениот имунолошки систем може да биде многу опасно.
– Можноста дека подмладувањето на имунолошкиот систем може да помогне во лекувањето на болестите поврзани со стареењето е возбудлива. Но, ние одиме напред со голема претпазливост – изјави за Nature Виторио Себастиано од Медицинскиот факултет Стенфорд во Калифорнија.