Актуелно
НАСА повторно го одложи лансирањето на ракета со екипаж до Месечината
Facebook-f
Youtube
Instagram
Tiktok
Linkedin
НАСА повторно го одложи лансирањето на ракета со екипаж до Месечината
Програмата Артемис на американската вселенска агенција НАСА повторно е одложена. Мисиите планирани за враќање на луѓето на Месечината дополнително ќе бидат одложени, така што првиот лет со екипаж до орбитата на Месечината планиран за септември 2025 година е одложен за април 2026 година, објави вечерва администраторот на НАСА, Били Нелсон.
Ова одложување е поврзано со проблеми со капсулата Орион, која ќе ја користат астронаутите. Агенцијата објави дека штитот од прегревање при влегување во земјината атмосфера не работи добро и дека тоа било утврдено за време на мисијата Артемида I во 2022 година.
– Вселенската агенција направи детални тестови за подобро да го разбере ризикот за нашите астронаути за време на враќањето на Месечината – изјави Нелсон, а пренесува Си-Ен-Ен.
Преку тестирање ја откриле причината за проблемот со капсулата Орион, но сега е потребно сето тоа да се поправи за да не бидат загрозени животите на вселенските патници.
Пем Мелрој, заменик-администратор на НАСА, потврди дека проблем е враќањето на Земјата поради посебен маневар при кој се загрева капсулата.
Програмата Артемида е именувана по старогрчката божица Артемида, сестрата близначка на богот Аполон (на англиски Аполо). Со програмата Аполо Америка стана првата и единствена земја која успеа да испрати луѓе на Месечината, но и победи во вселенската трка.
НАСА повторно го одложи лансирањето на ракета со екипаж до Месечината
Овие тетоважи на главата можат да ја измерат активноста на мозокот
Децата кои живеат опкружени со животни се помалку склони кон алергии
Дали би издржале 8 часа без телефонот?
Жените се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања
Европските сателити ќе создаваат вештачки затемнувања на Сонцето
Овој човек дал 10.000 биткоини за пица пред 14 години
Револуционерен лек за тешка форма на астма
Кина се подготвува да ја изгради првата станица на Месечината во 2035 година
Вечните хемикалии и микропластиката заедно се уште потоксични и поубиствени
Кај нас
Кои сме ние
- Дигитална платформа
- Мултимедијални содржини
- Инспиративни приказни
- Будиме идеи
Следете не!
BidSvoj 2023 © Сите права задржани