Младински амбасадори од Струмица за чиста средина најавија герила акциии

Филип Тодоров и Катја Маглешева од Струмица во наредниот период ќе работат на активирање на младите да се вклучат во акциите  за почиста и позелена животна средина бидејки од страна на МОФ се прогласени како младински амбасадори за чиста средина.  Станува збор за обука подржана од Шведска и од УНИЦЕФ каде младите се едуцираа како да направат промена во својата држава и да ги санираат последиците од повозрасните.

,,Во моментов имаме за цел да направиме план како да ја подигнеме свеста на граѓаните на општина Струмица за големата загаденост која е присутна. Иако луѓето мислат дека нечистата средина, ничистиот воздух нема никаков ефект врз нив, всушност може да доведе до бројни болести како астма, канцер итн.  Ние преку предлагање, преку различни проекти имаме за цел да ја подигнеме свеста на народот. Еве на пример наскоро имаме една герила акција. Исто така се надеваме дека ќе можеме да стигнеме до градоначалникот Костадинов и да поразговараме за опции за донесување на канти за селектирање на отпад – за хартија, пластика и стакло,, вели Тодоров кој апелира до своите врсници да бидат сидро на новите промени за подобра средина.

На овој став е и Катја Маглешева која исто така доби признание ,, амбасадор’’. Според неа секој ден сѐ повеќе и повеќе се зголемува аерозагаденоста со која вдишуваме загадени супстанци.

,, Според мене, доволно е еден период да се прекине со градење на нови објекти, палење на гуми и слично бидејќи со тоа се повеќе и повеќе се зголемува загаденоста.  Не треба да се градат високи објекти меѓу кои што нема да може да се пробива воздухот, туку треба да има струење за да може да се прочистува. На тој начин воздухот природно ќе може да се менува и ние ќе немаме веќе проблем. знаеме дека воздухот кога природно се загадува, многу брзо се прочистува,, вели Маглешева кој подвлече дека во наредниот период преку медиумите и социјалните мрежи ќе рабоата на подигнување на јавната свест за овие проблеми.