Сите
Какво е влијанието на тетоважите врз ризикот од рак?
Facebook-f
Youtube
Instagram
Tiktok
Linkedin
Какво е влијанието на тетоважите врз ризикот од рак?
Студијата која ги разгледува податоците за близнаци покажа дека мастилото за тетоважи може да го зголеми ризикот од рак на кожата и лимфом. Причината за тоа е акумулацијата на мастило во лимфните жлезди, што доведува до многу нови прашања за долгорочното влијание на тетоважите врз здравјето, објави Универзитетот во Јужна Данска (СДУ).
– Луѓето обично многу размислуваат за тетоважите. Но, има една работа на која повеќето луѓе забораваат да размислуваат – какво влијание можат да имаат тетоважите врз нивното здравје. Што се случува со мастилото кога ќе влезе во кожата? Дали останува таму каде што е видливо или патува понатаму низ телото? – се наведува во соопштението.
Истражувањето, се додава, покажало дека мастилото не останува таму, туку продолжува да се движи кон лимфните јазли, каде што се акумулира.
Последиците од тетоважите ги испитувале истражувачите од Универзитетот во Јужна Данска со колегите од Универзитетот во Хелсинки. Тие го направиле тоа следејќи податоци за двојки близнаци од Данска, кои покажаа дека луѓето со тетоважи имаат поголема веројатност да бидат дијагностицирани со рак на кожата или лимфом.
Лимфните јазли се клучен дел од имунолошкиот систем, а мастилото за тетоважи завршува во нив. Научниците беа особено загрижени за можноста мастилото да предизвика хронично воспаление во лимфните јазли, што со текот на времето поттикнува абнормален раст на клетките и го зголемува ризикот од рак.
– Можеме да видиме честички од мастило како се акумулираат во лимфните јазли и да претпоставиме дека телото ги препознава како туѓа супстанција. Тоа значи дека имунолошкиот систем постојано се обидува да одговори на нив, а се уште не знаеме дали тоа ја ослабува функцијата на лимфните јазли и има други здравствени последици – вели Хенрик Фредериксен, професор на Универзитетот во Јужна Данска.
Анализирани се податоци од повеќе од 5.900 близнаци од Данска, како и модели на тетоважи кои биле споредувани со дијагнозите за рак.
– Уникатен аспект на нашиот пристап е споредбата на парови близнаци во кои еден има рак, но инаку споделува многу генетски и еколошки фактори. Ова води до подобар метод за истражување на влијанието на тетоважите врз ризикот од рак, рече Јакоб фон Борнеман Хјелмборг, професор по биостатистика на Универзитетот во Јужна Данска.
Студијата објавена во BMC Public Health, исто така, укажува на врската помеѓу големината на тетоважите, каде што големите тетоважи се сметаат за поголеми од вашата дланка, и ракот.
– Колку е поголема тетоважата и колку подолго е таму, толку повеќе мастило се акумулира во лимфните жлезди. Влијанието врз имунолошкиот систем треба подобро да се проучи за да се разберат механизмите на дејствување – вели Сигне Бедстед Клеменсен, професор на Универзитетот во Јужна Данска.
Таа додаде дека не забележале разлика меѓу боите на тетоважата и ракот, но тоа не значи дека бојата е незначителна.
– Од други студии знаеме дека боите можат да имаат штетни состојки. На пример, црвеното мастило најчесто предизвикува алергиски реакции. „Сето ова треба дополнително да се истражи“, рече таа.
Какво е влијанието на тетоважите врз ризикот од рак?
Комарците се штетни, но нивното тајно оружје може да спаси животи
Филмска вечер на „Aстерфест“
Што се случува во мозокот кога зборот ни е „на врвот на јазикот“?
Белата кожа кај Европејците станала вообичаена пред 1700 години
Се намалува животниот век на Европејците
Мистериозната „црна дупка“ на Пацификот предизвика реакции на интернет
Хроно исхраната не е диета туку посебен режим
Високата концентрација на хлор во водата го зголемува ризикот од рак
Дали знаете како мирисаат мумиите?
Кај нас
Кои сме ние
- Дигитална платформа
- Мултимедијални содржини
- Инспиративни приказни
- Будиме идеи
Следете не!
BidSvoj 2023 © Сите права задржани