Фрижидерот како центар на домашната мултимедија

Samsung го најави новиот Family Hub фрижидер кој би можел да стане главен уред во модерните домови.  Главната функционалност на екранот од 32 инчи ќе биде контролата на паметните домашни уреди компатибилни со апликацијата SmartThings, како што се машините за перење и сушење, како и телевизорите. Покрај тоа, на екранот на овој паметен фрижидер на Samsung ќе може да се прикажуваат фотографии директно од апликацијата Google Photos, да се прават дигитални списоци за купување и да се гледаат видеа.

Samsung наведува дека со опцијата Family Hub Plus е овозможено гледањето на локални ТВ канали. Вертикалната ориентација на екранот исто така го прави погоден за гледање содржини од социјалните мрежи како што се TikTok, Instagram, YouTube Shorts. Дополнително, има режим слика во слика (PIP) кој репродуцира видеа во посебен прозорец, оставајќи го остатокот од екранот слободен за други задачи.

Овој необичен фрижидер на Samsung ја поддржува и услугата Amazon Your Essentials, овозможувајќи им на корисниците да нарачуваат често купени производи и намирници со помош на графичка контрола на екранот на допир.

Вградениот „хаб“ на SmartThings може да се користи за контрола и следење на повеќе уреди SmartThings и поддржува шест многу корисни, секојдневни опции: грижа за квалитетот на воздухот, одржување на домот, нега на домашни миленици, нега на алишта, управување со енергија и готвење.

Samsung не открива други спецификации, како што се стапката на освежување или резолуцијата на екранот, како и информации за цените или датумот на издавање на новиот фрижидер Family Hub.

Samsung со овој потег обичниот фрижидер ќе го претвори во вистински мултимедијален центар во куќата, а дали ќе биде достапен на нашиот пазар останува да видиме.