Здраво, јас сум Бојан од 3Д ХАБ, компанија која се занимава со 3Д продажба, печатење, моделирање и слично, од идеја до готов производ. Функционираме на пазарот професионално веќе 4 години и се обидуваме да ја донесеме на пазарот технологијата која на светскиот пазар и те како се користи.
Овие 4 години успеавме преку обуки и презентации, како што ги правиме во Центарот за развој на југоисточен плански регион да ја доближиме оваа технологија поблиску до луѓето и да ја кренеме таа свест, што значи таа технологија и кои се придобивките. Реално, бенефитите се големи за сите индустрии, за сите физички лица. Нема никакви ограничувања во самата технологија, туку нашата имагинација е нашиот лимит.
Од кога почна таа љубов кон моделирањето?
Целата приказна со 3д печатењето започна во 2010, односно траеше од 2010 до 2012, кога го набавивме првиот 3Д принтер. Тогаш требаше да одлучиме дали ќе купиме 3Д принтер или ќе набавиме една друга опрема која би ни ги решила тогашните проблеми.
Со мало истражување на интернет го видовме потенцијалот на 3Д печатењето, решивме дека ќе ризикуваме и го купивме 3Д принтерот. Сè после тоа е успешна приказна, бидејќи денес можеме да се пофалиме со фарма од над 40 3Д принтери, со бројни брендови којшто се присутни во Македонија преку нас, со повеќе успешни обуки за студенти и веќе успешни приказни на профили на фри-ленсери коишто излегле од нашиот хаб. Зборувам за луѓе коишто на светскиот пазар се веќе дефинирани како фри-ленсери.
Кој беше првиот производ кој го направивте и имаше ли страв кај тебе да започнеш нешто ново и непознато?
Во тој период опремата и таа технологија беа во почетната фаза на комерцијализација. Се соочувавме со многу проблеми, коишто нè двоумеаа дали воопшто сме го направиле вистинскиот избор, бидејќи беше проблем да се набави опремата. Опремата беше набавена од Америка, транспортот беше целосно наша организација. Потоа кога го набавивме принтерот повторно се запрашавме „Што понатака“. Во тоа време таа технологија беше непозната за нас. Имаше многу мала заедница на луѓе кај кои можеш да се обратиш за помош, инструкции, материјали итн.
Меѓутоа, со упорноста и со потенцијалот кој го видовме во 3Д печатењето, бевме убедени дека сме на вистински пат, но малку потежок бидејќи не ни беше познат. Можам да кажам дека за релативно краток период ја совладавме таа технологија.
И првиот продукт којшто го испечативме беше составен дел од една машина. Во тоа време материјалите беа, исто така доста оскудни. Сепак, успеавме да го оствариме она што беше замислено. Понатаму со текот на времето станувавме свесни дека тој капацитет којшто сме го имале на почетокот е всушност ништо, па почнавме посериозно да се занимаваме со 3Д печатењето, набавивме повеќе опрема, различни материјали. Самата потреба на нашиот пазар, бидејќи бевме единствени на нашиот пазар, сме биле во ситуација да мораме да бараме таков сервис во нашето соседство, односно во поразвиените земји како Бугарија, Грција. Самиот пазар ја наметна потребата да отвориме еден 3Д хаб. Секоја метропола во светот има еден ваков 3Д хаб.
Нашата идеја, покрај тоа што сакавме да ја доближиме оваа технологија на нашите сограѓани на овој пазар, сакавме да решиме и дел од проблемите со кои се соочивме на почетокот, така што хабот како идеја произлезе спонтано, но и поради самата потреба Скопје како метропола да добие таков хаб. Хабот беше замислен како место каде што луѓето ќе доаѓаат и ќе се запознаваат со оваа технологија, ќе користат услуги. Од тој момент, сфативме дека е неопходно за градот. Во тоа време таа опрема беше неверојатно скапа, со помош на Фондот за иновации добивме гранд којшто реално го реализиравме тоа. Значи, не само работата на хабот туку започнавме и да произведуваме репроматеријали за тие 3Д принтери коишто се биоразградливи.
Што ве водеше напред, да успеете во вашата иновација, во вашата креативност?
Стравот произлегуваше од тоа што се впуштавме во нешто ново и нешто непознато, без никаква поткрепа во однос на информации, бидејќи во тоа време и на светскиот пазар тоа беше иновација. Мислам дека најважна беше самата перспектива којашто ја увидовме во оваа технологија. Во моментот кога се запознавме со оваа технологија континуирано добивавме идеи, дел успеавме да ги реализарме, дел не.
Што би сакале да им порачате на младите?
Првично, најважна е истрајноста односно да не се откажуваат од своите идеи. Реално, секоја идеја е изводлива само треба да се најде начин како да се изведе односно постојат неколку нашини како да се изведе таа идеја. Освен истрајноста којашто е потребна треба да бидеме креативни и да бидеме отворени за нови технологии, решенија, процеси и сè останато коешто ни дозволува да ја израземе нашата креативност. Напротив секоја нова технологија придонесува нови искуства, полесни процеси, итн. Како што споменав ние имавме неколку нови обуки и од таму излегоа 4 успешни.