Антидепресивите можат да предизвикаат емоционалнa вкочанетост

Широко користените антидепресиви предизвикуваат „емоционално отупување“, според истражувањето кое нуди нови сознанија за тоа како лековите можат да делуваат и какви се нивните потенцијални несакани ефекти.

Социјалните мрежи предизвикуваат зависност и нарушено ментално здравје кај младите

Неконтролираното и безцелно следење на социјалните мрежи може да предизвикат зависност и нарушено ментално здравје кај децата и младите. Вака смета Весна Илова Ташева неурофидбек терапевт од Валандово

Гренланд не бил толку топол во последните илјада години

Додека човештвото внимателно го следи зголемувањето на просечната глобална температура, научниците од Гренланд се обидоа да навлезат во неговата историја и да го проценат влијанието на климатската криза на овој остров.

Половина од вашата интелигенција отпаѓа на гените

Научниците од Универзитетот во Единбург тврдат дека гените со кои една личност е родена отпаѓаат на повеќе од половина од разликите во интелигенцијата меѓу луѓето.

Покрај генетиката, главна улога имаат и факторите на околината како родителите, исхраната и изложеноста на хемикалии во пренаталниот период, пишува „Дејли мејл“.

Една нова студија покажа дека има придонес од ретките генетски варијанти кои имаат непропорционален ефект врз интелигенцијата.

Научниците разгледале илјадници генетски маркери во ДНК на околу 20.000 луѓе кои барале сигнали поврзани со коефициентот на интелигенција.

Тие откриле дека комбинацијата од ретки и вообичаени генетски варијанти објаснува барем половина од разликите во интелигенцијата меѓу поединците. Научниците сега знаат за 52 гени поврзани со интелигенцијата, од кои 40 се откриени релативно неодамна.
Претходното истражување на Универзитетот Врије во Амстердам анализираше податоци од 78.000 поединци, вклучително и ДНК генотипови и резултати од тестовите за интелигенција, што доведе до откривање на нови гени и биолошки патишта до интелигенција.

Откриено е дека многу луѓе со овие гени имаат и други заеднички особини, вклучително и високи, слаби и веројатно непушачи. Тие исто така имаат помала веројатност да страдаат од Алцхајмерова болест, депресија, шизофренија и дебелина.

Младински амбасадори од Струмица за чиста средина најавија герила акциии

Филип Тодоров и Катја Маглешева од Струмица во наредниот период ќе работат на активирање на младите да се вклучат во акциите за почиста и позелена животна средина бидејки од страна на МОФ се прогласени како младински амбасадори за чиста средина.