Дали се слушате како 'рчите?

Секој што бил разбуден од нечие ‘рчење знае колку гласен може да биде овој звук. Дали луѓето можат да се слушнат како ‘рчат или имаат способност да го игнорираат звукот што го прави нивното тело? Истражувачите велат дека, верувале или не, одговорот на двете прашања е да.

– Некои луѓе може да ги разбуди звукот на сопственото ‘рчење. Други не се свесни дека воопшто ‘рчат, без разлика на интензитетот или зачестеноста – изјави за LiveScience д-р Анита Селгикар, клинички професор по медицина на спиење и неврологија на Универзитетот во Мичиген.

Причината за тоа, додаде таа, е што секој има различен праг на возбуда, па тоа влијае кога некој ќе се разбуди. Во зависност од поединецот, некои звуци се попроблематични од другите. 

А дали некој ќе се разбуди од сопственото ‘рчење може да варира од ноќ до вечер.

– Влијанието на звукот врз спиењето е мултифакторско, и зависи од фактори како што се јачината на звукот, видот на звукот, прагот на возбуда и други фактори од околината. За некои луѓе, дури и тивките звуци како тивка музика или шепот може да го нарушат сонот – изјави д-р Шелгикар.

Но, улогата на звукот во будењето не е толку едноставна, особено за оние што ‘рчат.

– Интересно е тоа што неодамнешните студии опишаа пристап наречен „акустична стимулација со заклучена фаза“, што е специфичен звучен протокол кој го зголемува количеството на бавен бран сон, познат и како длабок сон – рече таа.

Друг важен фактор е дали лицето што ‘рчи е во РЕМ сон, кога се случуваат повеќето соништа.

– Некои податоци сугерираат дека стапката на возбуда е помала за време на РЕМ фазата на спиење отколку за време на НРЕМ фазата. За многумина, ‘рчењето е полошо во РЕМ. Таа комбинација може да доведе до тоа луѓето повеќе да го слушаат сопственото ‘рчење во фазата на РЕМ спиење – објасни Анита Шлгикар.

Како што е нагласено, повременото ‘рчење не е нешто за што треба да се грижите, но доколку е последица на некои медицински состојби како апнеја при спиење, тогаш може да го зголеми ризикот од мозочен или срцев удар.