На која возраст некој се смета за стар?

На која возраст некој се смета за стар? Ова е прашање кое многумина го поставуваат, па тим германски научници се обиде да го одреди одговорот. Тие ги проучувале податоците од 14.056 луѓе на возраст од 40 до 85 години, кои постојано пополнувале прашалници во период од 25 години, и откриле дека перцепцијата за возраста се менува со возраста.

– Треба да бидеме свесни дека концептот и перцепцијата за „староста“ се менувале низ историјата, како и дека луѓето имаат различни ставови за староста во зависност од нивната возраст, општеството во кое се родени и сопственото здравје – рече д-р Маркус Ветштајн, коавтор на студијата и истражувач на Универзитетот Хумболт во Берлин, како што објави Гардијан.

Ветшејн и неговите колеги спровеле студија во која користеле податоци од луѓе родени помеѓу 1911 и 1974 година и кога имале помеѓу 40 и 100 години.

– Луѓето родени во 1931 година мислат дека староста почнува на 74 кога имаат 65. Оние кои се родени во 1944 година на 65 години мислат дека староста започнува на 75 години – рече Ветштајн.

Сепак, оваа перцепција се чини дека е стабилизирана затоа што иако луѓето родени во 1935 година ја перципираа староста дека започнува подоцна од оние родени помеѓу 1911 и 1934 година, немаше значајна разлика помеѓу оние родени помеѓу 1936 и 1951 година и помеѓу 1952 и 1974 година.

Исто така, како што луѓето стареат, тие ја зголемуваат старосната граница нагоре.

– Тоа е поврзано со тоа што многу луѓе не сакаат да бидат стари, па ја одложуваат „староста“. Тоа може да биде поврзано и со стереотипите поврзани со возраста – рече Ветштајн.

Според студијата, средовечните и постарите луѓе веруваат дека староста започнува подоцна отколку што веруваа нивните врсници пред една или две децении.