Македонска јазична (не)култура - Поткаст со Ана Витанова - Рингачева

Во новиот поткаст разговараме со универзитетскиот професор Ана Витанова Рингачева на тема – Дали македонскиот јазик е навистина во криза? Дали во денешно време воопшто се разбираат младите и повозрасните кога се повеќе се користат англиски зборови од страна на младите генерации?

 Професорот Рингачева смета дека апсолутно не треба да им се забранува користење на англиски зборови на младите бидејќи сè што е забрането почесто ќе сакаат да го користат младите.

Младите односно оваа X, Z, Y генерација e целосно дигитализирана и нормално е да тие си создаваат свој свет на комуникација и се приклонуваат кон скратување на зборовите. Тоа се тие економични генерации кои говорат со кратки реченици, само со да и не, но и не сакаат да комуницираат многу. Одгледуваме генерации кои функционираат на кратки фреквенции. Нивното внимание се задржува на многу кратко време, и ние повозрасните а особено професорите и учителите мора да најдеме начин, да се приспособиме на новонастаната ситуација за да можеме да работиме и комуницираме со децата – ќе каже професор Ана.

viber_image_2024-04-13_15-29-06-471

Но, да не биде целосно приспособување кон децата туку се е во избалансираниот пристап кон нештата. Сè додека имаме разговор, дијалог И споделување искуства ќе успееме некако да се доближиме до новите, млади генерации и да ги научиме на почитување и користење на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик природно го поседува оној убав акцент на третиот слог од крајот на зборот и оние кои го зборуваат правилно македонскиот јазик знаат дека тоа со вежбање се постигнува, ни појаснува професор Ана.

Македонска јазична (не) култура беше исто така тема на разговор во поткастот. Професорката смета дека од самите нас доаѓа оваа јазичната некултура. Влијателни, јавни личност и личности кои се на позиција која наметнува користење на македонски јазик мора да го применуваат тоа. Мора да имаме малку поголема контрола и санкции кон сите оние кои не ги почитуваат начинот на комуницирање преку медиумите.

На крајот професор Ана ја потенцираше потребата од постојано надоградување и усовршување на своите колеги професори и учители за да можат на поинтересен и поинтерактивен начин да ја пренесуваат училишната програма на децата. Совет на крајот од разговорот – читајте и негувајте го македонскиот јазик !

Целиот поткаст гледајте го овде 👉 https://www.youtube.com/watch?v=slaek3rfYtU&t=1s

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075