Предизвици на жените политичарки - Поткаст со Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ и Даниела Колева пратеник од СДСМ

Во последниот поткаст разговаравме со пратеничките Ели Панова и Даниела Колева. Што значи да се биде жена во политиката? И Панова и Колева искрено разговараа за сите предизвици со кои се соочуваат додека се на функција пратеник во собрание на Македонија.

Поддршката и помошта од семејството е најбитна за да може една жена да успее во работата и да оди по своите поставени цели. Мора да признаеме дека помошта ни е неопходна и секогаш да бидеме благодарни за тоа на бабите и дедовците кои безусловно се грижат за нашите деца – ќе рече Панова.

На прашањето дали повеќе губи или добива од политиката, Колева ни одговори дека многу повеќе добива. Смета дека како жена политичар продинесува многу за промени и за подобрување на статусот на жената во општеството.

Кои предности ги поседуваат жената во однос на мажите? Жените се дефинитвно поодговорни – рече Колева. Тоа се гледа кога се одржуваат комисиите најбројни се жените кои се присутни. При носењето одлуки кај жените преовладуваат емоции, а мажите се по импулсивни и се брзи. Размислуваат сестрано и секогаш планираат на подолг временски период.

Помалку ширење на омраза на социјалните мрежи кон жените политичарки и повеќе да се поддржуваме за да ги поттикнеме на жените да земаат се поголемо учество во политиката но и во општественото живеење воопшто.

Совет до сите млади – „Да не се плашат од предизвиците и да бидат опкружени со луѓе кои им даваат поддршка. Со силна волја можат да успеат. Да се вклучат во политиката, затоа што таму е местото каде што може да ги менуваат работите и иднината.“

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075