Полуматурантите од општина Босилово добија рачен часовник кои ги донираше Емил Мијалов

Позајмено од ДРНКА.МК:

Завршните основци од Општина Босилово, односно полуматурантите од трите основни училишта од оваа општина „Гоце Делчев“ од Босилово и „Кирил и Методиј“ од Иловица и „Борис Трајковски“ од Моноспитово денеска добија рачни часовници кои ги донираше Емил Мијалов кој потекнува од Босилово а живее и работи во Швајцарија.
Донацијата е резултат на воспоставената соработка на градоначалникот на Босилово Ристо Манчев со нашинците кои што живеат и работат во странство за било какви донации и инвестиции во родниот крај. Меѓу првите се одзва Емил Мијалов кој своето основно образование го стекнал токму во Босилово а сега е успешен со својот бизнис и во странство за што градоначалникот Манчев упати благодарност.
Градоначалникот заедно со татко му на Емил – Панде Мијалов денеска ги посетија  основните училишта во општината и доделија часовници на околу 100 полуматуранти. Од името на општината но и донаторот им посакаа успешна иднина, посветеност и афримација на општина Босилово во иднина со нивните успеси на секое поле.