Откриен сателит во орбитата по 25 години

Експериментален сателит лансиран во 1974 година лета низ вселената незабележано цели 25 години, а повторно беше откриен минатата недела. Сателитот S73-7 или „Инфрацрвен балон за калибрација“ е пронајден со помош на податоци од американските вселенски сили, пишува Gizmodo.

С73-7 беше лансиран во орбитата на 10 април 1974 година како дел од експерименталната програма на американските воздухопловни сили. Првично, тој беше дел од таканаречениот „шестоаголен систем“ во кој поголемиот хексаголен сателит KH-9 го носеше значително помалиот, широк само 66 сантиметри S73-7, а потоа го пушти во орбитата, на надморска височина од 800 километри.

Додека беше во орбитата, првичниот план беше овој сателитски балон да се надува и да ја преземе улогата на калибрација за далечинска опрема. Мисијата била неуспешна бидејќи тој исчезнал од радарот во седумдесеттите. Тој беше пронајден, но потоа повторно исчезна кон крајот на деведесеттите. Сега е откриен од 18-та ескадрила за контрола на вселената.

– Проблемот е што можеби има многу мал радарски пресек. Можеби делот што го следат е дел од балонот што не се вклучил правилно, па бидејќи не е направен од метал, не се појавува добро на радарот – Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард-Смитсонијан Центарот за Астрофизика, изјави Gizmodo.

Не е лесна задача да се идентификува секој објект во орбитата, каде што во моментот има околу 20.000 објекти. Незгодно е да се следат сите тие предмети, додава тој. Има сензори кои даваат информации и има каталог на сателити, но повеќето од објектите немаат предавател со сопствен идентитет, туку орбитите се следат и се совпаѓаат.

– Ако исчезнат еден или два предмети, тоа не е голем ризик. Но, потребно е таа работа да се заврши што е можно подобро – изјави Мекдауел.