Ловџиството скапо хоби или машка пасија?

Дали ловот е скап хоби или пак машка пасија? Со задоволство Ви ги претставуваме нашите гости, Димитар Арапов и Киро Ѓоргиев, членови од Ловно Друштво „Беласица“ и „Фазан“ од Струмица, кои во разговор со нас ни го претставија вистинскиот дух на ловот.
Во последната епизода на Својкаст, разговаравме за ловот како начин на живот и како врска со природата. Димитар и Киро не само што споделија своите искуства од ловот, туку и ги претставија различните аспекти на оваа активност која луѓето порано ја користеле за опстанок, а денес не само што претставува страст и престиж туку е спорт со кој се занимаваат многу луѓе како во светот, така и на наште простори.

viber_image_2024-02-17_14-45-36-972

Освен што имаше забавни моменти и интересни приказни, во епизодата научивме и за основните активности на ловното друштво, како што се одгледување и заштита на дивечот, како и правилата кои ги почитуваат ловците во текот на ловната сезона.
Имавме можност да дознаеме за различните категории на ловци и мотивите кои ги водат во ловот, дали за месо или за трофеј.

Трофејот можеби не е иста работа за секого, но за мнозинството, добро извршената стрелба и уживањето во друштвото на природата и пријателите се вистинско задоволство.
Оваа епизода на Својкаст нè воведе во светот на ловот, каде што природата е главен актер, а врската меѓу ловците и природата е нешто што го негуваат и го чуваат. За да му се приближите на ловот и искуството кое го носи како и разликите меѓу елитниот спорт во светот и во нашата земја, погледенете ја целата епизода на Својкаст!

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=j2i2b_owZiA

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075