Роботски летечки змеј гасне пожари

Благодарение на јапонските истражувачи, овoј нов вид на ѕвер наскоро би можел да биде регрутиран во противпожарните одделенија ширум светот за да гасне пожари кои се премногу опасни за луѓето да се приближат.

Планот за новиот робот за гасење пожар наречен „Пожарникар змеј“ е јавно достапен, па роботичарите од целиот свет можат слободно да ги искористат неговите планови за изградба на свој робот, пишува TechXplore.

„Претставуваме прототип на летечки робот за гаснење со далечински управувач долг четири метри, дизајниран за безбедно и ефикасно гаснење пожари со директно пристапување до изворот на пожарот“, вели Јуичи Амбе од Универзитетот во Осака.

Противпожарното црево се подига (лета два метри над земјата) со осум прилагодливи водни млазови од центарот и напред. Цревото може да ја промени формата и да се сврти кон пламенот, контролирано од количка на тркала во позадина. Количката е поврзана со противпожарно возило кое има резервоар за вода од 14.000 литри.

Млазниците исфрлаат вода со брзина од 6,6 литри во секунда со притисок до еден мегапаскал. Врвот на цревото носи конвенционална и термичка камера, за полесно пронаоѓање на локацијата на пожарот.

Роботот за гасење пожар го имаше своето огнено крштевање на отворањето на Светскиот самит за роботи 2020 година, во септември 2021 година во Фукушима. Потоа успешно го изгасна свечениот пламен од далечина од четири метри.

„Проценуваме дека ќе бидат потребни околу уште 10 години за да го распоредиме нашиот робот во реални сценарија за гаснење пожари“, вели Амбе. „Главниот предизвик ќе биде да се зголеми досегот над 10 метри. Исто така, неопходно е да се развијат ефективни тактики за гаснење пожари погодни за специфичните капацитети на овој робот“.