Чувството на сигурност и спокојство се најважните емоции на домашната мачка. Кога се задоволни и сето тоа е „зачинето“ со вкусна храна и многу задоволства, игри и внимание на сопственикот, мачката е целосно среќна и тоа ќе го покажува дури и додека спие.
Мирно спиење на стомак, целосно испружено тело, криење на лицето… ова се само дел од позите кои мачките ги земаат во сон. Позицијата во која мачката спие кажува за нејзиното расположение и нивото на удобност во домот
Положба „Леб“.
Ако мачката седи исправено, со шепите напикани под телото, тоа е т.н став за леб. Таа ја зазема оваа позиција кога и е удобно и сака да се одмори. Сепак, знајте дека мачката не е во длабок сон и е подготвена да тргне во акција во секој момент.
Свиткано маче
Мачката која спие свиткана во оваа положба вели дека и треба дополнителна топлина и заштита.
Опуштено стомачно спиење
Домашните миленици кои спијат во оваа поза се задоволни и опуштени, се чувствуваат безбедно и го сакаат својот дом.
Криење на лицето
Ако мачките спијат со шепите кои им го покриваат лицето, тие „велат“ дека им е удобно, но сакаат дополнителна заштита и несвесно го покриваат лицето.
Спиење на грб
Само оние мачки кои се чувствуваат 100% безбедно во својот дом и слепо му веруваат на својот сопственик можат да го покажат својот стомак „те молам“. Изложениот стомак е најранливата положба на мачката.
Спиење со полуотворени очи
Внимание и контрола над потенцијалните опасности се во умот на мачката која спие со полуотворени очи. Со оваа мерка на „претпазливост“, таа често ги движи ушите за да покаже дека е сè уште будна.