По повод Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили, Europe House Струмица ви ја најавува овогодинешната „𝗖𝗮𝗿 𝗙𝗿𝗲𝗲 𝗗𝗮𝘆 – 𝗭𝗲𝗿𝗼 𝗘𝗺𝗶𝘀𝘀𝗶𝗼𝗻 𝗣𝗮𝗿𝗮𝗱𝗲 𝟮𝟬𝟮𝟯“.
На 22-ри Септември, дел од улиците на Струмица ќе бидат исклучително резервирани за велосипеди, тротинети, ролери, бордови и други превозни средства кои не испуштаат штетни гасови.
Придружете ни се и заедно за го одбележиме овој ден кој има цел да ја крене свесноста кај луѓето за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија.
Бидете пример за заедницата додека го одржувате своето здраво тело и здрав дух, како и за допринос зa поздрава и поактивна околина.
Збирно место за настанот е Плоштад „Гоце Делчев“ Струмица од 10:30 часот наутро, а поворката ќе тргне од 11:00 часот.
Рутата на движење ќе биде:
Од Плоштад „Гоце Делчев“ Струмица бул. Маршал Тито се до Хотел Илинден и преку ул. Ѓуро Ѓаковиќ се приклучуваме на ул. Маршал Тито (старата Чаршија) до општинската зграда и парадата ќе заврши во малиот градски парк.
Оваа година помасовно организирани ќе се движиме низ градските улици во Струмица.
Ве очекуваме!