Дали кучињата навистина мразат мачки и обратно?

Иако се сметаат за смртни непријатели, дали кучињата и мачките можат да бидат пријатели?

Се борат како мачки и кучиња: Колку често сте ја слушнале оваа фраза како опишува браќа и сестри кои не можат да се поднесат, соработници или непријатели кои едноставно не се согласуваат?

Тоа е приказна стара колку времето, прикажана во безброј филмови и книги: кучињата бркаат мачки, мачките шушкаат по кучињата, се караат, исто како мачка и куче!

Дали е тоа навистина точно? Дали кучињата навистина мразат мачки – или тоа е само мит?

Еве што велат експертите за однесување на кучиња и мачки за тоа.

Зошто кучињата мразат мачки?

Вистината е следна: кучињата не мразат мачки, но тие се два различни видови и недоразбирањата се неизбежни. Кучињата и мачките не се наменети да бидат непријатели. Тие можат да формираат длабоки, трајни врски или да доживеат конфликт врз основа на неколку фактори.

Еве зошто можеби не се согласуваат.

Нагон за плен

Коренот на митот за тоа зошто кучињата мразат мачки потекнува од инстинктивната потреба на кучето да брка и фаќа предмети што се движат. Кучето го наследило ова од својот предок волк. Нагонот за плен одиграл клучна улога во опстанокот на волците и раните кучиња, бидејќи обезбедувал храна за себе и за својата глутница. Иако домашните кучиња повеќе не треба да ловат за храна, брзите движења на мачката може да предизвикаат длабок вкоренет инстинкт, што ги тера кучињата да мислат дека мачката е некој што треба да се брка.

Различни начини на комуникација

Додека кучињата лаат, мавтаат со опашката и нудат многу други начини да се изразат, говорот на телото на мачките е различен. Мачките посуптилно ги изразуваат чувствата, што може да предизвика недоразбирања на двете страни. На пример, мачката што мавта со опашката може да сигнализира дека е нервозна и има потреба од растојание, но кучето може да го толкува ова како покана за игра.

Различни потреби

Начинот на комуникација не е единствената разлика помеѓу мачката и кучето. Од големо значење се и разликите во темпераментот. Кучињата се поотворени и социјални, додека мачките повеќе го ценат личниот простор и границите. Овие разлики во потребите понекогаш може да доведат до конфликт. Таков ентузијастички обид на кучето да си игра може да ја совлада мачката и да и предизвика стрес и чувство на опасност.

Дали мачките мразат кучиња?

Луѓето често се прашуваат зошто кучињата мразат мачки, но што е со обратното? Дали мачките мразат кучиња?

Мачките не ги мразат кучињата сами по себе. Тие се и ловци и во секоја нова ситуација или средина внимаваат на потенцијална опасност и бараат каков било плен. Додека мачките не се навикнат на куче, дури и многу разиграно куче може да им изгледа како голема закана.

Дали кучињата и мачките можат да научат да се согласуваат?

Верувале или не, не само што кучињата и мачките не се предодредени да бидат смртни непријатели, туку речиси секое куче и мачка можат да станат пријатели, се додека нивните сопственици се трпеливи и спремни да се поврзат. Постојат повеќе пријателски раси на кучиња, со поприлагодливи карактери, како златни ретривери, лабрадори и пудлици. 

Тие се сметаат за кучиња кои се пријатели на мачките. Но, степенот на пријателство помеѓу мачка и куче зависи помалку од расата, а повеќе од индивидуалниот темперамент.

За да им помогнете на вашето куче и мачка да се дружат, следете ги овие упатства.

  1. „Низок“ старт

Кога воведувате куче со маалска мачка или мачка на вашите пријатели, правете го тоа постепено. Двете животни треба да бидат на поводник бидејќи само така ќе можат да се набљудуваат без директен физички контакт. Ова го намалува ризикот од нивните ненадејни реакции.

  1. Не викајте ако кучето ја брка мачката

Ова може да биде повеќе штетно отколку корисно. Кога викате, звучи како да лаете заедно со кучето, а ќе ја исплашите и мачката, па „казнувањето“ на кучето создава поголем стрес и збунетост.

  1. Користете позитивни методи

Наградете ги мачката и кучето со подароци и пофалби кога се блиску еден до друг и се мирни. Взаемното мирно присуство помага да се создаде позитивно искуство.

  1. Редовно заморувајте го кучето со активности

Секое куче на кое му е здодевно или фрустрирано ќе реагира претерано на стимул како мачка. Но, уморното куче кое напорно вежба секој ден и е активно е помалку опасно (и помалку ентузијастичко) во очите на мачката. Обезбедете им на вашата мачка и куче играчки за џвакање за да ги забавувате и фокусирате на поважни работи.

Запознајте ги кучето и мачката

Еве како да им помогнете на кучето и мачката да научат да се сакаат, наместо да се кинат еден со друг. Пред да ги ставите животните „тет-а-тет“, направете меѓусебно запознавање со мирисите. Простирка на која спијат или играчките со кои си играат се одлични примери.

Кога ќе ја донесете мачката, нека помине некое време физички одвоено. Постепено и без присилување отворете ја вратата што ги дели кучето и мачката така што и двајцата ќе почувствуваат дека некој друг е во близина. За секој случај нека има ограда меѓу нив што ќе ги дели уште некое време. Решетката може да биде прекрасно помагало, бидејќи мачката може да го види кучето од собата, а кучето не може да влезе во собата, но тие сепак можат да се чувствуваат и мирисаат еден со друг.

Забавувајте го кучето додека е „на граница“ со мачката. Нахранете го во близина на вратата, дајте му играчка или нешто за џвакање, за да направи нешто поинтересно наместо да ја гледа мачката. Повторете го ова неколку пати на ден.

Ако горенаведените ситуации поминат без испад, почнете да ја оставате вратата отворена помеѓу кучето и мачката. Држете го кучето мирно на поводник за наеднаш да не ја брка мачката и да не ја исплаши, а храната држете ја блиску. Секогаш наградувајте ги ако и двајцата останат смирени. Доколку не сте успешни да ја навикнете мачката на кучето и обратно, побарајте помош од експерт.