Нови 20 фолк песни беа интерпретирани на 36 тото издание на Фолк фест Валандово каде според гласовите на жирито и присутните во салата каде се изведе главната фестивалска вечер, победник е Мишко Крстевски со песната „Ема убава“ на која како комплетен автор се јавува Љупчо Трајковски Фис. Наградата за првото место изнесува 1500 евра во денарска противвредност.
Втората награда отиде во рацете на Елена Андонова која ја отпеа песната „ Ни седум неба ни седум гори“ за која музиката ја напиша Горјан Стојановски, текстот е на Борче Нечовски а аранжманот на Дарко Илиевски. Токму Илиевски за ова песна ја понесе наградата за најдобар аранжман Драги Митев , додека Елена Андонова наградата за најдобра интерпретација Никола Бадев. Наградата за второпласираната песна изнесуваше илајда евра