Почнува сезоната на алергии на полен: Како да се заштитите

Почнува сезоната на алергија на полен, што значи дека многумина ќе изгледаат како да се настинати. Посетата на лекар е најдобрата опција, бидејќи тие имаат јасен увид во вашата здравствена состојба, но сепак постојат начини да ги ублажите симптомите.

Избегнувајте да поминувате време на отворено

Иако избегнувањето на отворено по зимските денови изгледа како невозможна мисија, луѓето кои се алергични на полен треба двапати да размислат пред да одлучат да ја напуштат куќата. 

Но, тоа не значи дека не треба да излегувате од дома, туку потрудете се да не излегувате помеѓу пет и десет наутро кога концентрацијата на полен е најголема.

Туширање

Размислете за туширање и миење на косата откако сте на отворено, бидејќи поленот може да доспее на вашата коса, кожа и облека. Облеката која сте ја носеле задолжително сменете ја, бидејќи поленот останува на облеката.

Чувајте ги прозорците затворени

Чувајте ги прозорците од вашиот дом затворени во текот на денот, а проветрувајте ги собите навечер. Исто така, додека возите, држете го подвижниот покрив затворен, а по желба оставете ги другите прозорци отворени за да циркулира воздухот.

Капете ги Вашите миленици

Капењето на Вашите миленичињата  може да помогне во ограничувањето на алергените. Поленот може да влезе во нивното крзно и во вашиот дом. Се препорачува да го капете вашето домашно милениче само два пати неделно за време на сезоната на алергии, бидејќи премногу капење може да биде лошо за неговата кожа. Затоа се препорачува да користите марамчиња за домашни миленици.

Носете маска

Ако работите на отворено, тогаш носете маска за да го филтрирате поленот. Очилата за сонце го спречуваат поленот да навлезе во вашите очи, а можете да користите и вазелин кој ќе го размачкате внатре во ноздрите за да ги заштитите од навлегувањето на поленот во респираторниот тракт.