Општина Струмица веќе извесен период нема младински совет. Деновиве распиша јавен повик до младите за учество во иницијативен одбор кое ќе ја тера постапката за основање на ова тело кое ќе биде артикулатор на потребите на младите од општината. Паралелно во Струмица веќе се работи и на Стратегијата за млади кој ги мапира клучните точки за потребите на младата популација, која во февруари треба и официјално да биде готова. „Пред да почнеме да го реализираме овој проект, немаше ниту отворен повик ниту пак стариот младински совет беше активен. Врз основа на состаноците на мобилизаторите со служебникот на млади при Општина Струмица и по нивна иницијата се потикна општината кончено да објави Повик до младите за членување во иницијативен одбор за формриање Локален младински совет согласно законот за младинско учество и младински политики“ кажа Ана Клесова од Новус. Инаку во Струмица почна да се адаптираат подрумските простории од општинската зграда во кои треба да никне Младински центар со цел младите таму да организираат настани и да дебатираат за одредени одлуки и на тој начин да партиципираат во носењето на одредени одлуки.