Општина Струмица е прва општина што започна со рушење на угостителски објекти
Гледајте го целиот поткаст со Игор Мицев, адвокат на YOUTUBE
Општина Струмица е прва општина што започна со рушење на угостителски објекти во центарот на градот поради утврдени неправилности во поставување урбана опрема на јавна површина утврдена при вонредни инспекциски надзори.
„Дали навистина беше потребно да се презема таква непопуларна мерка- рушење на објектите или треба да се почекаат промените во правилникот на кои во моментот работи ЗЕЛС на своите состаноци со градоначалниците на сите општини.“ – адвокат Игор Мицев.
По започнување на акцијата Темел на Владата на Р.М излезе проблем, излезе дека во сите општини треба да се рушат огромен број на објекти. Решенијата коишто се издавани, се издавани 10 години и повеќе наназад. И сега при вонреден инспекциски надзор се утврдуваат неправилности.
„Се руши урбана опрема на нашите угостителски објекти за кои имаме издадено дозволи од општина Струмица ( дозвола за поставување на урбана опрема на јавна површина) кои сеуште важат а не дивоградби“ – сопственик на угостителски објект во Струмица
„Со затварањето на угостителските објекти последици трпат огромен број на бизниси, потоа граѓаните и на крајот општинскиот буџет“ – изјава од граѓанин на Струмица
„Угостителите се за да се почитува законот но тие единствено што бараа е да се почека да се изготви новиот правилник“ – Игор Мицев адвокат