Зошто младите избегнуваат стабилни партнерски односи и преферираат кратки и минливи афери
Бараме одговор од д-р Милијана Кацарска, супспецијалист психолог YOUTUBE
Современите млади се наоѓаат под силно влијание на глобалните трендови и отвореното општествено мислење, што доведува до промени во сфаќањето на партнерството и интимните односи. Сепак, постојат универзални морални вредности кои негувањето на здрави односи секогаш го става на прво место. Како што подвлекува Кацарска, не е целосно правилно да се валидира сексуалниот однос уште на првиот состанок, бидејќи тоа создава лажна претстава дека таквото однесување е секогаш прифатливо.
Според неодамнешно истражување направено во САД, голем дел од испитаниците сметаат дека одржувањето на сексуални односи надвор од романтична врска може да биде прифатливо – понекогаш или дури секогаш. Оваа тенденција упатува на фактот дека денешната генерација се движи кон по-либерално гледиште кога станува збор за интимните односи. Сепак, она што е прифатливо од аспект на лична слобода, не значи секогаш и здраво за емоционалната и психичката состојба на младите луѓе.