Стресот ја затапува нашата способност да се радуваме

Недостатокот на радост поради стресот создава уникатен потпис во мозокот, покажува истражувањето кај глувците. Студијата откри шеми во мозокот кои се отпорни на стрес, но и оние кои предизвикуваат животното под стрес да престане да чувствува задоволство, кога стресот ја затапува нивната способност да се радуваат, што е еден од главните симптоми на депресијата, пишува Nature.

Овие откритија, објавени денеска во Nature, покажуваат како настанува анхедонија во мозокот, емоционална состојба во која не се чувствуваат задоволството и уживањето. Овие резултати нудат и можност за лекување на оваа состојба, но само доколку наодите се потврдат кај луѓето.

– Пристапот во оваа студија е на место. Експериментите пополнуваат голема празнина. Анхедонија е нешто што не го разбираме многу добро – вели Конор Листон, невронаучник од Медицинскиот факултет на Универзитетот Корнел, кој не бил вклучен во истражувањето.

Повеќе од 70 отсто од луѓето со тешка депресија имаат анхедонија, која е вообичаена за луѓето со шизофренија, Паркинсонова болест и други невролошки и психијатриски состојби. Симптомот е многу познат бидејќи е тешко да се лекува, дури и со лекови.

– Анхедонија е нешто за што пациентите најмногу се грижат, а се чини дека третманите најмалку се справуваат со неа – рече Листон.

За подобро разбирање на анхедонија, Мазен Кирбек, невронаучник од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, и неговите колеги проучувале глувци кои биле под стрес од поголеми, поагресивни глувци.

Вообичаено е глувците да претпочитаат шеќерна вода пред обична вода кога им се дава опција. Сепак, некои глувци под стрес престанаа да ја земаат шеќерната вода, која научниците ја протолкуваа како анхедонија кај глувците. Тие ја следеле активноста на нивните неврони во амигдалата и хипокампусот, две области на мозокот кои се важни за обработка на емоциите.

Откриле дека кај глувците со анхедонија комуникацијата помеѓу амигдалата и хипокампусот била прекината, додека кај оние кои биле отпорни на неа таа функционирала нормално. За да ја подобрат оваа „прекината“ комуникација, на глувците им инјектирале соединенија кои предизвикуваат невроните да пукаат во целните области. После тоа, глувците повторно избраа шеќерна вода.