Вашите пријатели го обликуваат вашиот микробиом

Социјалните дејства како споделување оброк и бакнеж во образ ги поврзуваат луѓето – но и нивните микробиоми. Колку е поголема интеракцијата меѓу луѓето – толку е послична конституцијата на нивните цревни микроорганизми, дури и ако луѓето не живеат во исто домаќинство.

Исто така, откриено е дека микробиомот на една личност се обликува не само од нивните социјални контакти, туку и од врските на тие социјални контакти. Оваа студија е една од неколкуте кои ја нагласуваат можноста здравствените состојби да се обликуваат со пренос на микробиом помеѓу поединци, не само преку исхраната и другите фактори на животната средина кои влијаат на цревната флора.

„Социјалните интеракции се дефинитивно дел од сложувалката што до неодамна недостасуваше во разбирањето на она што го обликува микробиомот на една личност“, вели микробиологот Кетрин Робинсон од Универзитетот во Орегон.

Новата студија е вкоренета во истражувањето објавено пред речиси 20 години – за ширењето на дебелината на социјалните мрежи. Одредени вируси и бактерии во цревниот микробиом го менуваат ризикот од дебелина кај една личност. Социологот Николас Кристакис од Универзитетот Јеил во Њу Хевн се запрашал дали пријателите ги пренесуваат овие микроби еден на друг покрај тоа што меѓусебно влијаат на навиките во исхраната.

Во меѓувреме, неколку трудови сугерираат дека социјалните интеракции го обликуваат цревниот микробиом. Кристакис и неговите колеги патувале во џунглите на Ходурас за да придонесат за таа литература.

Тие ги мапираа општествените односи и ги анализираа микробиомите на луѓето кои живеат во 18 изолирани села, каде што интеракциите се претежно лице-в-лице, а луѓето се минимално изложени на преработени прехранбени производи и антибиотици, кои можат да го променат составот на микробиомот. Тоа беше огромен потфат, бидејќи истражувачите мораа да земат примероци од оддалечени локации и да ги вратат во САД на обработка.

Партнерите и поединците во иста куќа споделуваат до 13,9% од микробните соеви во нивните дигестивни системи, но дури и луѓето кои не го делат истиот покрив над главата – и често поминуваат време заедно – делат 10%, открија истражувачите. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во исто село, но обично не поминуваат време заедно – делат само 4%. Пронајдени се и показатели за синџири на пренос: пријателите на пријатели имаат повеќе заеднички соеви отколку што случајно би се очекувало.

Резултатите го продлабочуваат нашето разбирање за тоа што го обликува микробиомот, делумно поради тоа што беа забележани подвидови на цревни микроби. Социјалните контакти може случајно да ги делат истите микробни видови, но многу е помала веројатноста да ги делат истите видови, освен ако не ги пренесат еден на друг.

Ваквото истражување целосно го менува начинот на кој размислуваме бидејќи сугерира дека факторите на ризик за состојби поврзани со микробиомот, како што се хипертензијата и депресијата, може да се шират од човек на човек преку нивните микробиоми, вели биологот Никола Сегата од Универзитетот во Тренто.

Во случај на депресија, која може да биде тешко да се лекува, комбинирањето на постоечките терапии со третмани насочени кон микробиомот може да го подобри срањето.

Меѓутоа, луѓето не треба да избегнуваат социјални интеракции поради страв да не ги „фатат“ микробиомите на другите. Социјалните интеракции можат да шират компоненти на здрави микробиоми и да донесат бројни други придобивки. Блиските контакти не ни се лоши. Напротив, тие се корисни.