Тројца кинески астронаути на мисијата Шенжу-19 полетаа во орбитата со ракета „Лонг марш“. Само 6,5 часа подоцна успееа да се поврзат со вселенската станица Тиангог (во превод Небесена палата) и без проблем влегоаво неа.
Во орбитата ќе извршат многу експерименти, од кои најинтересен е тестирањето на изградба на човечки живеалишта надвор од Земјата.
– Ќе се спроведат 86 вселенски научни и технолошки експерименти на полето на вселенските животни науки, физиката на микрогравитацијата, материјалите, медицината, новите технологии – рече Лин Ксиканг, заменик директор на Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA), на прес-конференцијата во вторник.
Се очекува дека еден од овие експерименти ќе вклучува изложување на тули, направени од симулирана лунарна почва, на условите во вселената. Доколку тестовите се покажат успешни, тулите би можеле да бидат клучен материјал што се користи во изградбата на постојана станица за истражување на Месечината.
Според Ројтерс, кинеските власти се надеваат дека станицата ќе биде изградена до 2035 година, бидејќи веруваат дека тулите би можеле да бидат полесни за употреба од транспортот на градежни материјали од Земјата.
Во мисијата учествуваат астронаутите Каи Шузе и Сонг Лингдон и астронаутот Ванг Хаозе. Членовите на мисијата Шенжу-18 ги пречекаа своите нови колеги и ќе се вратат на Земјата во следните неколку дена.