Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 33,5 милијарди долари по поволниот извештај на неговата компанија Тесла за третиот квартал од 2024 година, кој ги зголеми акциите.
Компанијата забележа најголем профит од летото 2024 година, а Маск изјави дека очекува раст на испораките на возилата на Tesla за 20 до 30 проценти во 2025 година, пишува њујоршки Блумберг.
Богатството на Маск порасна на 270 милијарди долари по скокот на акциите и ја зацврсти неговата позиција како најбогат човек во светот на листата на милијардери на Блумберг – 61 милијарда долари пред второпласираниот основач на Амазон Џеф Безос.
Третопласираниот извршен директор на Мета, Марк Цукерберг, има имот од 201 милијарда долари, а во првите пет се поранешниот извршен директор на Oracle, Лери Елисон со 186 милијарди долари и извршниот директор на групацијата LVMH, Бернард Арно со 181 милијарда долари.
На листата на десетте најбогати луѓе во светот се и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ко-основачот на Гугл, Лери Пејџ, поранешниот директор на Мајкрософт, Стив Балмер, инвеститорот Ворен Бафет и другиот ко-основач на Гугл, Сергеј Брин.