Епидемијата на дебелина кај децата се прошири на сите континенти

Научниците ги анализираа медицинските податоци за зачеестеноста на дебелината ширум светот. Научниците од Универзитетот Флорида Атлантик откриле дека од 1990 година, зачестеноста на прекумерна тежина и дебелина кај децата речиси се удвоила ширум светот, што влијае на секој континент.

Резултатите од студијата беа објавени во The Maternal and Child Health Journal (MCHJ). Експертите ги анализираа медицинските податоци за распространетоста на дебелината во светот.

Резултатите покажаа дека во јужна Европа, вклучувајќи ги и земјите како Грција, Италија и Шпанија, 10 до 15 отсто од децата страдаат од оваа болест. Во Источна Европа, стапката на раст е нешто побавна, но зачестеноста на дебелината наскоро би можела да се изедначи со онаа на јужниот дел на континентот.

На глобално ниво, речиси 50 отсто од децата со прекумерна тежина на возраст под пет години живеат во Азија, а околу 25 отсто живеат во Африка. Во Латинска Америка околу 20 отсто од децата под 20 години се со прекумерна тежина. Многу земји во развој се соочуваат со двојното оптоварување на истовремената детска прекумерна тежина и недоволна исхранетост.

Научниците, исто така, открија дека детската прекумерна тежина и дебелината во Соединетите држави достигнуваат нивоа на епидемија и почнуваат да заземаат глобални пандемични размери.

Овие состојби доведуваат до хипертензија, зголемен ризик од дијабетес тип 2 и нарушувања на липидниот метаболизам, кои придонесуваат за развој на метаболички синдром.

Кај возрасните, прекумерната тежина го зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, заболување на црниот дроб, опструктивна ноќна апнеја, артритис и некои форми на рак кои се почесто се дијагностицираат кај помладите луѓе денес.