Наставници со ученици од прво до петто одделение при ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица реализираa еко-акција и модна ревија со цел најмладите да стекнуваат паметни еколошки навики и креативност. Како што информираше за Бидисвој.мк одделенскиот наставник Билјана Гунова, станува збор за акција во која се потикнува еколошката свест, креативноста и желбата кај децата за користење иновативни решенија за употреба на отпад кој се рециклира.
Од таа причина тие во училишниот двор продефилираа во креации од рециклирани материјали, засадија цвеќиња во рециклирани саксии а изработија и цвеќиња од пластични шишиња но и куќички за птици.
„Да ги учиме децата на паметни еколошки навики и креативност бидејки отпадот има вредност. Тоа беше мотото на еко-акцијата во училиштето. Користевме материјали кои се рециклираат па заедно со децата и нивните родители ја реализиравме акцијата која во пресрет на 22 април, Денот на планетата Земја и упативме порака дека не секој отпад треба да заврши на депонии“, изјави за БидиСвој.мк Билјана Гунова – одделенски наставник во 4 одделение.
Во еко-акцијата учениците од петто одделените заедно со своите наставници Милена Исирова, Миропа Павловска, Андријана Ковачева, Фани Ристова и наставник по природни науки Емилија Крстева во рециклирани саксии засадија цвеќиња и го разубавија училишниот двор. Беа изработени и цвеќиња од пластични шишиња и куќи за птици.