Бројни светски лидери ќе се соберат од 11 до 22 ноември во Баку, Азербејџан, на 29. конференција на земјите членки на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени. COP29 ќе биде можност за поддршка на поамбициозни климатски цели, особено оние поврзани со финансирањето на мерките за ублажување на климатските промени во земјите во развој. Според податоците на УНИЦЕФ, 820 милиони деца биле погодени од топлотните бранови, а поголемиот дел од младите се подготвени да ги променат своите навики за да го намалат негативното влијание врз климата.
Климатските промени стануваат се поизразени, а временските непогоди, сушите, поплавите, зачестуваат и со се поголеми последици. Загриженоста за климатските промени ја дели и Ватикан. Папата Франциско се помоли за напредок во заштитата на планетата на самитот за климата COP29.
„Се надевам дека конференцијата за климатски промени КОП29 во Баку ќе даде ефикасен придонес за заштита на нашиот заеднички дом“, рече поглаварот на Римокатоличката црква.
Дури 820 милиони деца ширум светот се погодени од топлотни бранови. Истражувањето на УНИЦЕФ меѓу младите покажа дека поголемиот делод младите се подготвени и сакаат да ги променат своите навики за да го намалат негативното влијание врз климата.
Климатските промени носат многу повеќе од високите температури. Недостигот на вода во некои рурални средини станува алармантен, а во таквите средини водата за пиење станува речиси луксуз. Екстремните временски услови, од суши до поплави, се повеќе стануваат секојдневие, а тоа токму секојдневниот живот го загрозува здравјето на младите, нивното образование и иднина.
Ако ништо не се промени, просечната температура може да се искачи до 3,1 степени.
Според пресметките на УНЕП, доколку светот остане на сегашното ниво на климатски активности, просечната температура на планетата би можела да се зголеми до 3,1 степен до крајот на векот.
За да се постигнат поставените цели, емисиите на стакленички гасови треба да се намалат за 42% до крајот на деценијата, а за 57% до 2035 година. На годишно ниво, тоа значи 7,5 отсто помалку емисии во следните единаесет години.
Последнава деценија е најжешката во историјата. Нашиот свет се наоѓа на клучна пресвртница, соочен со итен проблем со климатските промени што бара итна и силна акција од сите земји и актери. Неопходно е да се зголемат амбициите и да се забрзаат заедничките активности за намалување на емисиите на стакленички гасови.
УНДП ќе продолжи да помага да се осигура дека климатските обврски ќе донесат опипливи резултати во корист на животната средина, луѓето и економијата. Декарбонизацијата и зелената транзиција, односно транзицијата кон одржливи извори на енергија, се клучни.
Досегашниот дијалог им помогна на земјите да ги контролираат и пријават емисиите на јаглерод диоксид и да им помогнат на сиромашните земји кои најмногу страдаат од климатските промени со стотици милијарди долари.
Азербејџан како домаќин на КОП29 има подготвено девет иницијативи, меѓу кои иницијативи за човековиот развој и отпорност на климатските промени, потоа како овие промени влијаат на работата и вработувањето, за заштита на водите, што во суштина се климатски промени, како и за складирањето на енергијата. Климатските промени ѝ се закануваат на целата планета и животот и опстанокот на луѓето, промените ќе влијаат на идните генерации и ние мора да дејствуваме сега за да го спасиме утрешниот ден.