Машките и женските мачки се разликуваат по многу физички карактеристики и покажуваат разлики во однесувањето. Покрај тоа, секоја мачка е изложена на посебни здравствени предизвици, така што мажјаците може да страдаат од здравствени проблеми кои не се типични за женките, и обратно.
Најсигурен начин да се дознае полот на мачката се базира на нејзините гениталии. Сепак, суптилните разлики во структурата на лицето на мачката може да ви помогнат да разликувате мажјак од женка.
Ветеринарите тврдат дека постојат три начини да се одреди полот на мачката врз основа на структурата на нејзиното лице, пишува Catster.
Мажјаците, особено некастрираните, имаат голема, заоблена глава со аголни структури на лицето кои се зголемени со хормони, т.е. тестостерон. Тестостеронот е главен фактор во развојот на мускулите и го стимулира ослободувањето на хормоните за раст кои придонесуваат за густината и растот на коските.
Женските мачки треба да имаат помек облик на лице и понежни црти.
Некастрираните машки мачки имаат многу истакнати вилици поради присуството на тестостерон. „Буцките“ образи имаат улога која е поважна од разубавувањето, бидејќи го штитат лицето и вратот во борбите со други мачки. Муцките на мажјаците се исто така подолги и пошироки од женките.
Мачките ги користат своите мустаќи за да научат многу важни информации од нивната околина. „Гребењето“ на мустаќите против предмети дава информации за големината и структурата на објектот. Мустаќите на мачката се користат и за да се процени дали мачката може да се смести во тесен простор, па логично е дека мустаќите на мажјаците се подолги, бидејќи мачките се поголеми од женките и им треба повеќе простор.
Некастрираните мажјаци често имаат поголеми перничиња со мустаќи од женките, и тие додаваат волумен на нивното лице.