Зошто тинејџерките ги привлекуваат момчиња кои ги повредуваат?

Кога момчињата и девојчињата достигнуваат адолесценција, тие се бомбардирани со пораки кои ја поврзуваат привлечноста со насилството. Овие пораки – испратени од врсници, ТВ серии, филмови, песни, социјални мрежи… – ги опишуваат младите мажи кои се насилни и ги омаловажуваат девојките како привлечни, но не ги прикажуваат оние кои се добри со жените на ист начин, пишува група на шпанските научници за The Conversation.

– Пример за тоа може да се види во филмот „После“ од 2019 година, адаптација на истоимениот роман. 

Главниот лик започнува врска со средношколско момче, добро момче кое ја третира повеќе како пријател отколку љубовник, но кога оди на факултет го изневерува со попривлечен „лош“. Нејзиното момче покажува сочувство, поради што изгледа несимпатично. Девојката потоа открива дека нејзината нова љубов е само облог, но тоа не го прави помалку привлечен во нејзините очи и на крајот „навистина се заљубува во неа“, велат тие.

Пораките што ги поврзуваат привлечноста и насилството се појавуваат во различни ситуации и поставки. Изложеноста на нив ги наведува девојките да ги сметаат насилните момци привлечни, па тие влегуваат во токсични врски.

– Во нашата студија анализиравме како овој дискурс се манифестира во рамките на врсничката група, каде девојките се дружат со момчиња кои не се однесуваат добро кон нив и кои покажуваат склоност кон насилство. Интервјуиравме 59 момчиња и 71 девојче од три различни средни училишта, сите на возраст од 15 до 16 години. Групите врсници се најважни во социјализацијата и учењето и притисокот во нив може да доведе до тоа девојчињата да се дружат со насилните момчиња дури и кога тие не сакаат. Тој притисок е вкоренет во медиумските пораки. Под тој притисок се и момчињата и девојчињата. За девојките кои се веќе во стабилни, ненасилни врски, доминантен дискурс е да ги критикуваат како досадни и да ги притискаат да изневеруваат дечковци со понасилни млади мажи, велат истражувачите.

Тие додаваат дека насилничкото однесување се движи од фалење како еден дечко бил со девојка и омаловажување до закани и насилство.

– Научните истражувања покажуваат дека родовото насилство може да има негативни здравствени последици, вклучувајќи хронична болка и зголемен ризик од сексуално преносливи болести, депресија, самоубиства… Околу 27 проценти од жените и девојките на возраст од 15 до 29 години доживеале некаков вид психолошки или сексуално насилство – велат научниците.

Заклучуваат дека е клучно да се имаат квалитетни пријатели уште од мали нозе и дека тоа може да биде важна превенција од насилство.