Плаќање данок до подобро општество - Поткаст со Маре Данкова

Најновата епизода од нашиот поткаст „Во светот на жената“, го  посветивме на важни општествени и економски прашања  имавме прилика да разговараме со Маре Данкова, виш даночен извршител, даночна испекција од Штип. Оваа епизода нуди длабински увид во тоа како се однесуваме кон плаќањето на даноците и колку сме свесни за нашите обврски кон државата.

Со Маре Данкова дискутиравме за едно од најзначајните прашања: Дали граѓаните и компаниите во нашата земја ги подмируваат своите даночни обврски навреме? Соочувајќи се со предизвиците на економската криза, многу граѓани и компании бараат начини да ги исполнат своите обврски кон државата, а една од алтернативите што ја нуди Управата за јавни приходи (УЈП) е можноста за репрограм и плаќање на рати. 

Оваа опција може значително да го олесни товарот, но прашањето останува: дали сме доволно одговорни да ги искористиме овие можности?

Зборевме и за тоа како УЈП, како институција, не се стреми кон казнување, туку кон зголемување на свеста и културата за навремено плаќање на даноците. Маре јасно ја истакна оваа цел, нагласувајќи дека подобрувањето на даночната култура е клучно за стабилноста на економијата и благосостојбата на сите граѓани.

Но, тоа не е сè. Оваа епизода се вме и на прашањата кои се однесуваат на недомаќинското работење, економската криза и нивната улога во заостанувањето на компаниите со плаќањето на даноците. Како овие фактори влијаат на финансиската дисциплина и што може да се направи за да се подобри ситуацијата?

viber_image_2024-08-09_10-05-40-798

Дополнително, Маре ги разгледа и причините зошто дивите продавачи на храна, изнајмувачите на станови и учесниците во онлајн игрите не ги пријавуваат и не ги плаќаат своите обврски кон државата. Кој е одговорен за оваа појава и како може да се реши овој проблем?

Оваа епизода е исклучително важна за сите кои сакаат да го разберат функционирањето на даночниот систем во нашата земја и да научат повеќе за тоа како да ги исполнат своите обврски на најефикасен начин.

Не пропуштајте ја новата епизода на „Во светот на жената“! Дознајте повеќе и приклучете се во подобрување на даночната култура во нашето општество.

Целиот поткаст гледајте го овде 👉 https://www.youtube.com/watch?v=2uhCP5y6nLY&t=1253s

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075