Во последната епизода на СвојКаст разговаравме со Кирил Стојменов, меѓународен инструктор за безбедност на вода.
Разговаравме за сите опасности кои треба да ги имаме во предвид кога сме во вода, сите мерки кои треба да ги преземеме додека сме во вода.
„Никој не треба да се прави херој во вода“ – потенцираше Кире
Секогаш треба да бидеме внимателни и претпазливи додека сме во вода. Посебен апел даде за опасноста од речните води. Тие се најнепредвидливи, рече нашиот гостин.
Што се треба да поседува еден инструктор за безбедност на вода? Како се добива лиценца?
Во Македонија нема доволно инструктори за безбедност на вода. Главна причина е иселувањето на младите, секој што ќе добие лиценца веднаш заминува во странство.
Зошто во нашиот град нема градски базен? Што се случи со воениот базен во Струмица? Се присетуваме на моменти од работењето на градскиот базен. Повеќе од 5.000 деца има поминато во школата за пливање што функионираше во рамките на воениот базен – рече Стојменов.
Но и многу врвни пливачи како што е Љупка Вртева …. што своевремено го плива детскиот Охридски маратон се дел од ученичката екипа на Кире Стојменов. Посебна гордост и чест е да се биде учител на вакви професионални пливачи и успешни личности.
Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc
Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.
Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата.