Дали мултивитамините можат да го продолжат животот?

Големата анализа на податоците на 400.000 возрасни Американци следени во текот на 20 години, не откри врска помеѓу редовното внесување мултивитамини и намалениот ризик од смрт. Резултатите од анализата, предводена од истражувачи од Националниот институт за рак на САД при Националниот институт за здравје, беа објавени во JAMA Network Open.

Многу возрасни во САД земаат мултивитамини со надеж дека тоа може да го подобри нивното здравје, пренесува EurekAlert! Сепак, останува нејасно колку редовната употреба на мултивитамини е корисна или штетна – претходните студии имаа мешани резултати и беа временски ограничени.

– Секој трет возрасен во САД користи мултивитамини, а главната мотивација за тоа е превенцијата од болести. Од 390.124 учесници во студијата (средна возраст 61,5 години, опсег од 56,7 до 66 години), 164.762 смртни случаи се случиле за време на следењето. Дури 159.692 учесници биле непушачи, а од дневните корисници на мултивитамини, 49,3 отсто биле жени. Од редовните корисници на мултивитамини, 11 отсто се пушачи. Мултивитамините не се поврзани со намален ризик од смртност. Во оваа студија на 390.124 учесници без историја на големи хронични болести, не најдовме докази дека редовниот внес на мултивитамини го продолжува животот кај здравите индивидуи. Сепак, не можеме да ја исклучиме можноста дека редовниот внес на мултивитамини може да биде поврзан со други здравствени состојби поврзани со стареењето, се наведува во студијата.

Д-р Нил Барнард, вонреден професор по медицина на Универзитетот Џорџ Вашингтон, изјави за Гардијан дека витамините можат да бидат корисни во некои случаи.

– Мултивитамините ветуваат премногу, но не даваат. Главната работа е што мултивитамините не помагаат, нема наука, рече тој.

Како што додава тој, потребна е поздрава исхрана која обезбедува различни микронутриенти, макронутриенти и влакна, но не содржи заситени масти и холестерол.