Рускиот космонаут Олег Кононенко, командант на космонаутите на руската вселенска агенција Роскосмос, стана првиот човек во историјата кој поминал вкупно 1.000 дена во вселената. Ова е негов петти лет во вселената, а се верува дека до крајот на престојот на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе акумулира вкупно 1.100 дена надвор од нашата планета.
– На (5 јуни) на 20 секунди по полноќ по московско време, космонаутот на Роскосмос Олег Кононенко, кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, акумулирал рекордни 1.000 дена во вселената – објави Роскосмос, а пренесува Тасс.
Иако Олег Кононенко постави рекорд за вкупен престој во вселената, неговиот сонародник Валери Пољаков го држи рекордот за најдолг престој во вселената на мисија.
Кога станува збор за акумулираното време поминато во вселената, доминираат руските космонаути. Од првите десет места на листата на рекордери, тие се на дури девет, а Американката Пеги Витсон е на осаменото 9-то место со 675 денови во орбитата.
Тие поминале најмногу време во вселената: