Лаптопот од 1.900 долари кој наместо екран користи AR очила

Во светот на лаптопите се појавуваат се повеќе необични дизајни, а еден од најновите трендови носи уреди без физички екрани. Sightful штотуку го претстави Spacetop G1, пренослив компјутер од 1.900 долари за кој треба да се носат очила за проширена реалност (AR).

По речиси три години развој од страна на поранешните инженери на Apple, Microsoft и Magic Leap, Spacetop G1 конечно е достапен за пошироката јавност по периодот на ран пристап. Овој уред има за цел да го промени начинот на кој работиме и создаваме додека сме во движење.

Долната половина на Spacetop G1 изгледа како обичен лаптоп со 79 копчиња, подлога за допир  и две USB-C порти за периферни уреди. Сепак, горната половина носи иновации – наместо физички екран, лаптопот има простор за AR очила. Овие очила имаат двојни OLED екрани со резолуција од 1920 x 1080 со брзина на освежување од 90 Hz.

Очилата создаваат илузија на огромен виртуелен работен простор од 100 инчи. Иако видното поле завршува на 50 степени, корисниците ќе мора да ја движат главата за да видат различни делови од екранот.

Sightful тврди дека овој „речиси бесконечен“ работен простор, во комбинација со прилагодениот оперативен систем SpaceOS, може значително да ја зголеми продуктивноста и креативноста. Софтверот ја оптимизира виртуелната работна површина за AR навигација преку сопствени гестови дизајнирани за очилата.

„Го претставивме Spacetop за да ги ослободиме луѓето од ограничувањата на времето и просторот, бидејќи не веруваме дека луѓето треба да бидат заробени во 14-инчни екрани“, вели извршниот директор на Sightful, Тамир Берлинер.

„Силно веруваме во моќта на AR очилата како прв чекор. Физичката реалност отсекогаш била ограничувачки фактор – гломазни, неудобни слушалки, ограничена батерија и процесорска моќ и свет кој сè уште не е подготвен за секојдневен AR.

Spacetop G1 има чип Snapdragon 8cx Gen 3 со Adreno 740 GPU и Hexagon NPU кој ветува до 48 ТОПС AI перформанси. Има и 16 GB LPDDR5 RAM и 128 GB простор за складирање UFS 3.1.

Батеријата издржува до 8 часа со едно полнење, благодарение на ќелијата од 60 Wh и поддршката за брзо полнење од 63 W. Уредот има и веб камера од 5 MP за видео повици со резолуција до 2592 x 1944 пиксели.