Во последниот поткаст разговаравме со ветеринар Катица Ковачева Брнзевска, која сподели свои искуства и совети за тоа како да бидеме одговорни сопственици на нашите домашни миленици.
Една од клучните теми на разговорот беше одговорноста на струмичани кон своите миленици. Ковачева Брнзевска истакна дека многу луѓе не се доволно запознаени со потребите на животните кои стануваат дел од нивните фамилии.
“Животните се како деца во фамилијата кои никогаш не растат. Бараат многу внимание и грижа, но се верни другари и чувари на своите сопственици. Внесуваат среќа во домот,” рече Катица.
Таа сподели инспиративна приказна за мало дете кое имало проблеми со говорот поради стрес. По вдомување на кученце, детето доживеало значителен напредок и во социјализацијата и во говорот.
“Животните се многу поблагодарни од луѓето и го покажуваат тоа секогаш кога се третирани од ветеринар,” додаде Катица.
Во разговорот се отвори и темата за проблемот со улични кучиња во градот. Според Ковачева Брнзевска, овој проблем произлегува од непочитување на законите.
“Ние имаме закони, но за жал не се почитуваат и не се спроведуваат. Доколку и ние како луѓе бидеме со поголема свест и вдомуваме кучиња, кастрација на секое куче и грижа за секое милениче кое сме го зеле нема да бидат проблемите во толку голем размер,” истакна Катица.
Еден од најважните совети кои Катица ги сподели беше дека животните не треба да се даваат како подароци.
“Животното не може да биде подарок, мора да знаеме дека го сакаме вистински животното и да го вдомиме, а не неочекувано да ни биде подарено.”
Катица заврши со важен совет за сите слушатели:
“Не купувајте, вдомувајте домашни миленичиња. Бидете хумани и дадете свој придонес во намалување на бројот на улични кучиња во градот.”
Со овие зборови, Ковачева Брнзевска ги охрабри сите да бидат одговорни и свесни сопственици, посочувајќи дека грижата за милениците е неопходна за доброто на сите нас.
Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc
Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.
Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата.