Тим археолози од Јапонија и Египет открија „подземна аномалија“ во близина на познатиот комплекс на пирамидата во Гиза. Во една студија објавена во списанието Archaeological Prospection, тие ја опишуваат употребата на радар (GPR) и томографија со електрична отпорност (ERT) за да се испита областа под Западните гробишта во Гиза.
Истражувањата во Гиза траат стотици години и доведоа до подобро разбирање на пирамидите и луѓето кои ги изградиле. За време на претходните истражувања, тие ги откриле Западните гробишта, кои се наоѓаат во близина на Кеопсовата пирамида, пренесува Phys.org.
Истражувањето на гробиштата првенствено се фокусираше на мастабите, правоаголни гробници направени од варовник или кал, со рамни покриви. Сепак, еден дел од Западните гробишта остана во голема мера неистражен бидејќи во него нема ништо.
За оваа нова студија, тимот истражуваше дали нешто е закопано во областа со помош на GPR и ERT.
Податоците од истражувањето покажуваат дека има нешто под површината. Истражувачите го опишуваат откритието како аномалија бидејќи густината е различна од околината. Податоците покажуваат и дека аномалијата е создадена од човек поради нејзината форма – има две подземни структури, една плитка и една длабока.
Плитката структура е во облик на L и е длабока два метри, долга 15 метри и широка 10 метри. Тие веруваат дека е направенa за поддршка на поголема, подлабока структура. Длабочина е од пет до 10 метри, а неејзината површина е 10 метри квадратни.
Тимот предложи внимателни ископувања за да се утврди природата на структурите.