Човечкиот допир може да ја намали болката, депресијата и анксиозноста

Научното истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека допирот може да ја намали болката, депресијата и анксиозноста, а дека повеќе допир помага во ублажување на менталните и физичките заболувања.

Без разлика дали се работи за прегратка од пријател или допир на омилена ткаенина, чувството на допир е корисно и за телото и за умот, според истражувачите, пишува лондонски Гардијан.

Допирот е првото сетило кое се развива кај новороденчињата и е клучно за насетување на околината и комуникација.

Недостигот на физички контакт за време на пандемијата на Ковид-19 тешко погоди голем број луѓе ширум светот.

Голем број на студии само сугерираа дека допирот е корисен за нашето здравје, но сега експертите од Универзитетот во Есен преку своите набљудувања дојдоа до едноставен заклучок – допирот помага.

Д-р Хелена Хартман, коавтор на студијата од Универзитетската болница Есен потврди дека похармоничен допир во текот на денот може да помогне во ублажување или потенцијално ублажување на менталните и физичките заболувања.

Истражувањето, објавено во списанието Nature Human Behaviour, опфати 212 претходно објавени студии и интегрирани статистички анализи на 85 студии кои вклучуваат возрасни и 52 студии кои вклучуваат доенчиња.

Истражувачите откриле дека допирот е подеднакво корисен за менталното и физичкото здравје и на возрасните и на доенчињата.