Говорните мани кај децата во растечка тенденција - Поткаст со Марија Настева - Џекова

Во последната епизода на нашиот поткаст, разговаравме со логопедот Марија Настева – Џекова за предизвикот што го претставуваат говорните мани кај децата и мерките што може да се преземат за да се помогне на нив.

Се забележува зголемен интерес во јавноста за оваа тема, како и загриженост за зголемениот број на деца со проблеми во говорот и јазикот.

Преку овој разговор, се обидовме да ги идентификуваме причините зад оваа тенденција и да разгледаме можностите за превенција и интервенција. Еден од најважните аспекти што беа истакнати во разговорот е влијанието на околината на развојот на детето. Времето што го поминуваат децата во затворени простории и недостатокот на активност може да биде фактор кој влијае на нивниот говорен развој. Според Марија, градинката игра клучна улога во социјализацијата и развојот на моториката на децата.

Marija 2

 „Првите 6 години се најбитни во развојот на детето, затоа е важно родителите да се посветат на активности што ќе го поттикнат нивниот развој,“ истакна Марија.

Mеѓутоа, една од најважните препораки за родителите е редовно да ги носат своите деца на прегледи кај логопеди и дефектолози. Превенцијата и раното откривање на проблемите може значително да го подобрат квалитетот на живот на децата и нивниот говорен развој.

Споделете го овој епизода на нашиот поткаст со сите родители и лица со интерес во здравјето и развојот на децата. Вашата поддршка и ангажман се клучни за успешното справување со предизвиците што ги претставува говорниот развој кај децата.

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=69K4WNIDPCM&t=180s

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075