Запознајте ја најбогатата мачка на светот: Нала „вреди“ речиси 100 милиони евра

Ова е Нала, најбогатата мачка на светот која „тежи“ 84 милиони фунти (речиси 100 милиони евра) и заработува 12.000 фунти (околу 14.000 евра) по објава на Инстаграм. Нала  „плива“ во пари, но нејзиното потекло е скромно, бидејќи светот го запознала во засолниште за животни.

Сопственикот на Нала, Пуки, се заљубил во мачката на прв поглед кога го посетувал центарот за посвојување мачки во Лос Анџелес. Прекрасната мачка не само што е мегабогата, туку и позната, а може да се пофали со „армија“ од повеќе од четири милиони верни следбеници на Инстаграм. Нала има неверојатни 7.000 објави на социјалната мрежа, а поделено со нејзиното богатство од 80 милиони фунти, тоа е во просек по 12.000 фунти по објава, пренесува Thesun.

Во 2012 година, Пуки (неговото вистинско име е Варисири Матачитипан) одлучи да ги сподели авантурите на својата мачка на Инстаграм.

„Нала е веројатно првата мачка на Интернет која се претставила и мислам дека тоа е една од причините зошто на луѓето им се допаднала“, вели сопственикот. Сијамската мачка станала инспирација за бренд за храна за мачки и лансирала сопствена линија на стоки, со што нејзиниот сопственик заработил огромни 84 милиони фунти.

Нала го држи и Гинисовиот рекорд за најследена мачка на Инстаграм, а ја освои и титулата „ТикТокер на годината“. Кога Пуки беше прашан колку време троши на своите профили на социјалните мрежи, тој рече дека тоа е работа со полно работно време, што е уште една причина зошто популарноста на Нала продолжува да расте.

Зборувајќи за идентитетот на брендот на Нала и нејзината нето вредност, сопственикот вели дека сè уште е во „неверување“.

„Сè уште не верувам во се што се случува, ниту пак мислев дека некогаш ќе стигнам вака, дури и да гостувам на телевизија. Многу сум благодарен за се што се случи и мислам дека се се случува со причина. Тогаш имав само 82 пени на мојата банкарска сметка и ризикував да станам бездомник за да ја спасам оваа кутра мачка“, призна Пуки во ТВ интервју.

И не само што Нала му помогна на Пуки да ги оствари своите соништа, туку и му помогна да најде љубов.

„Мојот партнер и јас се запознавме преку Инстаграм кога го отворив профилот на Нала и почнав да нарачувам машнички. Така ја запознав Шенон, кога ги посвои своите две братучеди: тогаш тие имаа пет и шест години и таа мораше целосно да се откаже од сопствената кариера за да се грижи за нив“, се сеќава Пуки.

Nala 2
Nala 3