Го живеат ли струмичани карневалот? - Поткаст со долгогодишни струмички карневалџии

Во најновата епизода на „Својкаст“, ни беше задоволство да им посакаме добредојде на Клара Патарова, Благој Милановиќ и Стојан Ефтимов од групата „Ѕвезден Град“, заедно со Илија Николов од карневалската група „Мулен Руж“., сите со долгогодишно искуство во струмичкиот карневал. Расположени за разговор тие ги споделија своите размислувања како и предизвиците што ги среќаваат со учеството во оваа голема традиција.

Од разговорот со нив, дознавме дека од година во година се намалува бројот на карневалски групи, како и за намалениот интерес меѓу младите.

 Предизвиците вклучени во подготовката на карневалските маски беа истакнати како еден од главните фактори за проблемите кои ги тераат учесниците да се откажат од нивното учество. Колку време треба за подготовка на една карневалска маска и кои се предизвиците што мора да се надминат за да се создаде една, беа дел од разговорот.

Гостите се согласија дека неописливото е чувство да се биде дел од карневалската поворка и дека треба да се испроба и секој да го доживее. Организациските аспекти исто така беа истакнати во разговорот, со предлози и идеи што произлегуваа од нивното долгогодишно искуство и истражувањата на карневали во различни земји.

2

Најголемиот предизвик според нив се наградите. Иако карневалот треба да биде за уживање во традицијата, често се поставува прашање дали струмичани треба да се маскираат за да го одржат карневалот или за да освојат прво место. Осврнувајќи се на значењето на карневалската култура, гостите истакнаа дека училиштата и градинките треба да бидат места каде децата ќе се воспитуваат во духот на карневалот.
Сите учесници се согласија дека карневалот во Струмица е нешто за кое треба да се грижиме и да го прославуваме. Неговото преживување зависи од заеднички напори и ангажмани. Сите угостители и струмички компании треба да дадат свој придонес за успешна организација и одржување на кaрнавалот.
„Еднаш карневал, секогаш карневал“, беше завршната фаза со која апелираа до сите струмичани да се вклучат и да го оживеат карневалот, да ја почувствуваат неговата магија и да го продолжат вековниот карневалски обичај.

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc