Во најновото издание на нашиот поткаст, разговараме на темата “Која е ‘цената’ на модата?” и го имавме задоволство наш гостин да биде Горан Митров, бренд менаџер на Елена Лука.
Според Горан, модата треба да биде само еден аспект од нашиот стил, еден детал која го надополнува нашиот изглед, а не нешто што треба да го диктира целиот наш изглед. “По секоја цена не треба да се следи модата,” нагласи тој. Исто така, истакна дека често, жените се облекуваат заради другарките, за да се почувствуваат удобно и сигурни во своите избори, а не за изгледа поубаво за мажот.
Со зборовите на Горан, струмичките жени можат да се почувствуваат исполнети, бидејќи тој нагласи дека се жени се модерни и со стил.
Покрај тоа, Горан откри дека е вистински фанатик за чевли, иако не сака да открива колку пари точно има потрошено на нив, истакнувајќи дека чизмите се едно од најскапите парчиња во неговиот плакар.
“Секое парче облека треба да го носиш со самоувереност и да се чувствуваш убаво во него,” изјави Горан. Тоа не само што ќе го подобри вашиот впечаток, туку и ќе ја зголеми вашата самодоверба.
Во споредба со јавните личности, Горан не сака да го критикува нивниот стил, но мисли дека секоја јавна личност треба да има свој стилист-консултант. “Гардеробата зборува пред вас,” рече тој.
На крај, Горан им испрати порака до сите млади: “Секој треба да работи на себе максимално. Самокритичноста, самоанализа – само тоа може да те донесе до зрелост и да знаеш каде си и што си, и до каде сакаш да стигнеш. Облечи се за таму каде што сакаш да бидеш, а не за таму кај што си.”
Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://www.youtube.com/watch?v=htAp3_L6Ymc
Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.
Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата.