Разводите сè уште табу тема кај нас, вели адвокатот Павлинка Димитриева

Според последните статистики, бројот на разводи во Струмица забележува значаен раст, открива адвокатот Павлинка Димитриева, којa гостуваше во последната епизода на „Својкаст“. И покрај овој тренд, разводот уште се смета за табу тема во македонското општество, каде што луѓето уште се срамат да отворено зборуваат за оваа проблематика и да бараат совети и решенија.

„Се доаѓа до мене за да прашаат за пријател“, истакна Павлинка, истакнувајќи дека разговорот за разводот често започнува така. Постојат различни видови на постапки за развод, што зависат од односот на двајцата партнери и нивната желба за мирно решавање на ситуацијата.

Исто така, се отвора темата за поделбата на имотот, која често предизвикува најголеми расправии меѓу брачните партнери. Проблемите се посилни и околу грижата за децата, при што алиментацијата често се пресметува во таков процент од платата на таткото, што не е доволна за поддршка на мајката во одгледувањето на децата.

viber_image_2024-02-10_12-23-35-946

Поради разни причини, вклучувајќи географската локација на брачните другари, постапката за развод може да потрае и неколку години. „Најголемиот проблем, особено кога станува збор за имот и деца, е несогласноста помеѓу странките“, истакнува адвокатот Павлинка Димитриева.

И додека процесот на развод може да биде емоционално напорен, Павлинка  ја нагласува важноста од професионалност и борбата за правата на своите клиенти. „Прагот на толеранција е многу мал во денешно време“, истакнува адвокатот, апелирајќи на луѓето да бидат отворени и да бараат помош кога се соочени со проблеми во бракот.

За крај, Павлинка Димитриева даде совет за сите парови: „Не бидете импулсивни, разговарајте отворено со вашиот партнер и блиски, и барајте совети.“

Целиот поткаст гледајте го овде 👉https://youtu.be/uOWufbmcEbo?si=nrUCfs5nydtEEmWY

Дел од дискусијата беше наменета за стресот како фактор кај мозочните удари. Како што рече нашиот гостин стресот, согласно научните истражувања, е препознаен како еден од најголемите ризични фактори за мозочен удар. Посебно во денешното брзо и зафатено општество, каде што луѓето се изложени на различни видови притисоци, важно е да се разгледа начинот на кој стресот може да влијае на нашето здравје. Менаџирањето на стресот станува поедноставно кога се освестува дека зависи од нас. Способноста да го контролираме и управуваме со нашите реакции на стресот е во нашите раце и може да придонесе значително за нашата општа благосостојба.

Со Филипче зборувавме и за неговата улога како како поранешен министер за здравство во времето кога целиот свет се соочуваше со КОВИД пандемија како еден од најтешките периоди во историјата на државата. 

viber_image_2024-02-02_20-21-00-075