Нуклеарната фузија ги сруши сите рекорди: Последниот експеримент беше и најуспешен

Научниците и инженерите од лабораторија во близина на Оксфорд соборија рекорд кога станува збор за добивање енергија со помош на нуклеарна фузија. Со користење на само 0,2 милиграми гориво, тие успеаја да добијат 69 мегаџули енергија за пет секунди и драстично го доближија светот до чист, футуристички извор на енергија.

За да добијат енергија преку процесот на нуклеарна фузија, научниците користеле уред наречен Joint European Torus (JET), кој има облик на американска крофна, а е попознат по името на токамак.

Добиените 69 мегаџули енергија  е речиси 20 пати повеќе од енергијата што успеале да ја добијат американските истражувачи од NIF, дел од Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија. Патем, тие беа првите кои добија повеќе енергија преку нуклеарна фузија отколку што потрошија за започнување на тој процес.

Потопло од јадрото на Сонцето

Нуклеарната фузија е процес кој го напојува Сонцето и другите ѕвезди и се смета за свет грал на чиста енергија. Научниците со децении работат на спроведување на овој процес со цел да добијат големи количини на енергија без да ја загадуваат планетата.

Според CNN, научниците го „хранеле“ токамакот со деутериум и тритиум, изотопи на водород, а потоа ја загреале машината на 150 милиони степени Целзиусови, што е 10 пати потопло од јадрото на Сонцето. Екстремната топлина предизвика деутериумот и тритиумот да се спојат и да се претворат во хелиум, процес кој ослободува голема количина на енергија.

– Експериментот е последен од ваков вид за ЈЕТ, кој работи 40 години. Последниот експеримент и новиот рекорд дава надеж за нови проекти поврзани со нуклеарната фузија – изјави Амброџо Фасоли, директор на EUROfusion, конзорциум од 300 експерти кои стојат зад експериментите.

Иднината е ITER; нов токамак кој се гради во јужна Франција и ДЕМО, машина која би требало да ја придружува за да произведе големи количини енергија, како прототип на нуклеарна централа за фузија.

– Нашата успешна демонстрација на оперативни сценарија за идните машини за фузија како ITER и DEMO, што е потврдена со нов енергетски рекорд, ни дава доверба во иднината на развојот на фузија енергија – рече Фасоли во изјавата.

И покрај овој успех, комерцијалната употреба на нуклеарна фузија за добивање енергија е сè уште далеку.

– Ова е одличен научен резултат, но се уште сме далеку од комерцијалната фузија. Додека не се развие технологијата, ќе биде предоцна да се користи фузија за да се запрат климатските промени. Сепак, инвестициите во фузијата се сè поважни и има вистински напредок – изјави за Си-Ен-Ен Аника Кан, истражувач за нуклеарна фузија од Универзитетот во Манчестер.

Што е нуклеарна фузија?

За разлика од нуклеарната фисија, процесот на разделување на атомите што се користи во нуклеарните централи, нуклеарната фузија не остава радиоактивен отпад. Како што се забрзуваат климатските промени, сè поважно е да се замени употребата на фосилни горива за чиста енергија. Нуклеарната фузија, процес кој го напојува Сонцето и другите ѕвезди, вклучува фузија на два или повеќе атоми во густа маса, која ослободува големи количини на енергија. Нуклеарната фузија е процес кој е веќе користен, но во таканаречените водородни бомби, кога за нејзино започнување била потребна нуклеарна физика, поради што не станува збор за процес на добивање чиста енергија.

Тимот на NIF го изведе првиот од серијата успешни експерименти, кои дадоа повеќе енергија отколку што беше потрошена, на 5 декември 2022 година. Во сите експерименти, тие добија само помеѓу 2,4 и 3,88 мегаџули енергија.